ќеркиче ср.

ќеркиче (ср.)

Така ден за ден, под овие подгниени покриви и меѓу ѕидовите што мирисаат на коњска пот и моч, се топи нејзиното ќеркиче.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Мајката Ешрефе донесе колепче од таванот за ќеркичето Дрита.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ервехе откако си ја поврати душата по среќното враќање кај своите преку границата, врвеше по истиот пат со своето ќеркиче, уште похрабра, со своето семејство во себе, уверена дека повеќе никогаш нема да го напушти, дека границите колку и да се излезени од пеколот ќе ѝ се смилуваат.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ервехе, во 1943 година од Струга, ќе појде на пат, веќе мајка на три сина, со шестмесечно ќеркиче повојче ќе појде кон Тирана, бездруго на последно видување со семејството.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ќеркичата повремено погледнува во правецот во кој гледа Криста, знае дека таму има нешто што го гледа само мајка ѝ , нешто што тие не можат да го видат, но го претпоставуваат, го чувствуваат тоа нешто во кое таа е загледана, и кое ја проголтува.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)