ќесичка ж.

ќесичка (ж.)

Потем ја отворија ќесичката во којашто имаше: четири црвени, три бели, едно жолто и едно зелено бонбонче.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Тој зеде една ќесичка и во неа стави неколку бонбони.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
- Во потопот и вашите болви ќе се издават, претскажувал старецот со вражалски ќесички под очите, едното поголемо од другото како што е поголем потпланински бадем од семка на слива; навистина оние четворица со клокотави грла за малку не умреле од незапирливо смеење, се тркалале по млада трева слични на пеливани што се борат со своите сенки, наеднаш половина дружина да попаѓа од стомачен кикот кога оној Филип Макариев го прашал со детска наивност вториот Нојо што ќе се случи ако нивните болви се удават со него а сите други ако останат во големо корито со неговите болвички, црни и скокливи внучиња со Симон-Наконтикова крв на невидливите цицалки - Ќе се давите и ќе подавате раце да ми се фатите за учкуров, ама - на! завлекол рака в појас Симон Наконтик; капнувале од невидено смеење не знаејќи ги бара ли тој болвите под гаќи да ги стисне в рака и да ги спаси од поројните води што ќе ги покријат и Содома и Гомора на вилаетот или заканувачки сака да им го покаже учкурот за кој со задоцнето јунаштво на машкоста им раскажува нови библиски поглавија; од утробата му 'ртел плач.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Хаосот се дели на купчиња, се пакува во светликави пластични ќесички и се затвора со сигурносен патент. Цап!
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Некои од децата јадеа грисини купени во некој од дуќаните на Маказар и празните ќесички ги фрлаа наоколу.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Правот од ќесичката се истураше во еден литар вода и се добиваше сокче со речиси флуоресцентна портокалова боја.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Ако имаш среќа, ќе добиеш новогодишна ќесичка маде ин КРАШ, со супер чоколатца во неа.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Тие се насмевнаа кога им реков дека нивните ќесички со лаванда ќе патуваат во Македонија и дека ќе бидат миризлива придружба на две дела од меѓународно право.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Најгоре стоеше писмото, а под него имаше една конзерва на која пишуваше „Нес Кафе“, три ќесички со бомбони, под нив спакувани две женски марами.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Ја држев ќесичкта со топли костени.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)