ќешки чест.

ќешки (чест.)

Ќешке со пушка да бев убиен, мајче, и тамо да бев умрен, во нашите гробишта да бев закопан, за ти, мајко да ми идеш на гробот да ми палиш свеќа и да ми раздаваш задужбина!
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
А, бре ќешки за плаќање нека е, колај работа! — рекоа деверите и фрлија по еден грст ситни пари преку дупката.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ќешким тоа нека биде, та греот — на ореот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— „Ајде, ајде, невешче. Та ќешки таа клетва нека биде. Сѐ ќе помине со здравје.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— А бре ќешки ти да ме бесиш, токо јас би рекол никој никого да не беси.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Море, ќешки нека дојде до бакнување рака, бег, та истеристемес ќе бакне.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)