џукела ж.

џукела (ж.)

- Е, ај, ќе се стидам, вели лиферантот, а Гојко сега уште повеќе се разлутува, ги закрвавува очите и вика: - Марш, џукеле, вика, напоље, лопуже, говно вам ваше.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Едно обично, смрдливо куче - обична џукела.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Имаат утепано поише црвени мундири отколку што Бата Живојиновиќ има утепано Германци (и Бугари), киселоводски стритер – улична џукела, отпорна на све.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Му дојде да залае, да викне - марш џукело хомосапиенска - да го гризне или барем да го преплаши.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
„Марш џукело“, вика таа и со израз на гадење продолжува да чекори.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
ЏУКЕЛА Не бев поразличен од градските џукели И тие и јас немавме ништо Освен ебаниот кучешки живот
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Тогаш ме разбудија комшиските џукели и тргнав неминовно до веце да мочам а потоа седнав веднаш пред компјутер и почнав ко Фројд да толкувам сништа
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Тоа сум јас. Еј џукело Ќе се сретнеме пак. И ќе ти кажам еј како те сакав куче едно.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Ќе ги бркавме како јас Јеховини од пред врата. Ќе бевме едно џукело една.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)