бев (гл.) - лош (прид.)

Тој термин не беше лош од турско гледиште, а од грчко тој беше многу удобен, зашто со него најубаво можеше да биде искажан презирот и омразата на Грците кон нас.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И ако се гледа во печалбите, што ги реализирав - не бев лош адвокат.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Таа зима се погоди многу лоша, Дали дека војната беше лоша и зимата стана лоша. Знаеш, едно зло на друго се калеми, се врзува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Те пцуев и сакав да го слушнам твојот пресмртен крик... Проклето бев лош.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Бевме загрижени зашто таа зима беше лоша и тешка.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Тогаш се вративме во Фектори и ја одгледавме емисијата со останатите кои беа таму и дури ни после тоа не сакаше да го прифати фактот дека беше лоша. (Тоа го сфати многу години подоцна кога се симна од спид, тогаш и стана страшно непријатно заради таа емисија).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Не ни беше лош животот...
„Маргина бр. 21“ (1995)
- Не беше лош со нас, - рече Доди. – Засега ќе остане врзан.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
На свој начин не бев лош.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И да ти признаам, не беше лоша и таа ноќ.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ќе видите дека било само сон За жал на Бургиба, сепак, ова не беше лош сон, туку реалност со која сепак на крајот се помирил.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Единственото нешто што ме спречуваше да се искачам на него беше лоша околност, наречена - приватна сопственост. Така беше и овојпат.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Јас ја натерав со сила. И се заканив. Бев лоша со неа.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Бојана си ги избриша солзите и малку се смири: - Секако, последното беше лош блеф.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
За чудо, иако резултатите беа лоши, Томо се чувствуваше здраво и силно, што ја збунуваше и Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во суштина не беше лоша по карактер, само се чини многу напатена, па сепак добро се носеше со тоа.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)