бев (гл.) - признат (прид.)

51. Токму тоа и се случи подоцна: првин се одеше кон поделба на Македонија на сфери за влијание, а потоа кон поделба на териториите, коешто и доведе до новиот “Договор за пријателство и сојуз помеѓу Кралство Србија и Царство Бугарија” од 29.2.1912 год. што всушност, како што вели М.Миловановиќ, беше “српско-бугарско-руска балканска спогодба”, бидејќи беше постигнат со активното посредство на Русија и бидејќи пак рускиот император беше признат како врховен арбитар за сите спорни прашања.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
За парадокс, пак, и неговиот професор и шеф, а и самиот тој - беа или потекнуваа од „бечката школа”; професорот навистина од старата, ама со тапија, а Миха од новата која и во самиот Беч не беше призната.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)