влета (гл.) - внатре (прил.)

Еден ден кога кравата се телеше со мака и кога ветеринарот Скрез и Цанулица ги немаше долго да излезат од ќералот, Цанул се довлечка до прозорчето од ќералот, и кога ги виде истркалани во сеното, му удри крвта в глава, ја грабна вилата и влета внатре кршејќи ја вратата и забодувајќи ја вилата во бутината од Скрез.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Кога ќе ја отвори вратата, му се отвора јужната страна и еден дел од брегот на езерото што од неговата куќа продолжува натаму да сe исукува како воден конец; сонцето постојано му е на вратата, и штом ќе ја отвори, тоа му влетува внатре; на задната страна, кон селскиот сокак, на куќата има прозорче, мазгалка, и низ неа протинаше пушка.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Трчајќи влетуваат внатре Геле и нејзиниот син, пцуејќи на сет глас Умот му се кренал, господи, или од ракијата не му е разбистрен!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)