влече (гл.) - го (зам.)

И влечејќи го за уво појде кон Гавранот удирајќи страшно со петиците по тврдата земја.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се обиде да патува кон соништа во оној час кога месецот се откачи од еден прозорец на двокатниот сандак и отплови нечујно влечејќи го по себе зракот, тој свој бел разбојнички појас.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Човекот се искриви на една страна но не падна, со инстикт на желка ја завлече главата во својот стан влечејќи го со себе мирисот на детски пелени и прегорено млеко.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Клокотеа од задоволство кога го прашаа влечејќи го со себе без напор.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Седна со нив, и кога келнерите со тешка мака ги истераа на улица, го оставија зелениот во некој влажен двор и ја одвлекоа блондината во малото сопче на браќата влечејќи го со себе и мирисот на лутата мастика.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И, влечејќи го за уши, ќе го исклоцаше од дворот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
17 ПАНДО И НУМО седат скраја од полјанката и, влечејќи го сертиот чад од крупно дробен тутун, ги гледаат момчињета како вежбаат.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ќе ти го дадам меновникот... - заплака таа, влечејќи го венчалниот прстен од прстот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Сè околу него се заврти, се измеша и почна да се губи, да се преселува некаде другаде, далеку, влечејќи го и него со себе.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Веќе брзале влечејќи го попот со себе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како да ја нурнал главата во вода: над него и околу него бучливо зашумела реката на возбудата влечејќи го кон еден свет од чие дно тој тогаш со внатрешен вид на изгубен волшебник го следел насилникот како се оддалечува јуначки валмосувајќи ги со два прста мустаќите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ми стои стисната меѓу јазикот и непцето и ми пречи, просто како со јамка да ми го фатила вниманието влечејќи го на своја страна.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ќе го најдеме тато, тој не е пијан, тој е болен, цел пат зборуваше дека нешто го кини во стомакот! ломотеше влечејќи го братчето зад себе.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Раскостеното пајтонче ги впрегна сите коњи и со крајни сили ја искачи угорницата, за потоа олеснувачки и продолжително да се испрди на преслапот победоносно влечејќи го откачениот ауспух.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Со едното раскошно крило, распослано како ладило и влечејќи го по земја како тореадорска пелерина, прекрасната птица скришум ѝ пријде на кокошката, ја зграпчи со мудар стисок и за космички миг ја забоде на земја, нешто што кулминира до точка на вечно топорење и гордеење.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
- Дедо прекина и ете, вака, трипати, прекрстувајќи се, почна да чита, влечејќи го прстот под секој збор: Царју, утешитељу, душе истини, иже вјездје сиј и всија исполњен сокровишче благих и жизни податељу, приијди и вселисја в ни, и очисти ни о всјакија скверни и спаси, блаже, души наши. Амин...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ја користев следната прилика да пак се втурнам во музејот влечејќи го детето по мене.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК