влече (гл.) - кон (предл.)

Изгледаше дека главата го влече кон облаците безуспешно тргајќи се од јакиот жилав врат.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
ЛУКОВ: (Се наведнува и го влече кон собата, по пат го удира со нозете онесвестениот Фезлиев.) Нема да се спасиш.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Ја гледаше сега таа зачекорена мечка како го скусува растојанието меѓу нив со некој нов скок и уште веднаш сети како од зад него се раззинува една длабока празнина, една ужасна провалија, и го влече кон себе; беше едно чувство како некој силен ветер да му дува во градите и просто го оттурнува да отстапи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но ако знаат, а сигурно знаат дека е олабавена Селечка, сигурно ќе гледаат да ја фатат неа, а оттука да се влечат кон исток.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Дотогаш нешто слично не виделе твоите очи, како магнет те влечат кон нешто уште поубаво, посветло. Вечно. Проклет да бидам, вечно.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Без збор ќе ве грабне за шија и ќе ве влече кон подрумот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Споменот за синот како камен ја влече кон дното на очајот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Што тоа нè влече кон малата детска епизода со Талкачот, виолината и недопирливиот говор на ветрот?
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Изгледаше дека главата го влече кон облаците безуспешно трагајќи се до јакиот жилав врат.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сѐ повеќе остававме душите да ни ги разјадува лишајот на оттуѓување од сѐ што е човечко во нас и околу нас: туѓиот грев, или нешто што е повеќе споулавеност и очај отколку грев, ни влечеше кон загатки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сонот го влечел кон прекрасните длабочини на несуштествувањето. - Расони се, оче, сети се.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Подбивниот, избрчкан глас на Сириецот грубо го влече кон студената пареа на крајбрежјето, скоро со болка ја сече мирната поврвнина на идеализираната визија: - Оној што го имаше каменот пред мене ја матеше мудроста со безумност.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
-Што е, е - кој би знаел зошто зборувате во истото време додека Сухов упорно ве влече кон соседниот гроб.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
-А чиј е овој гроб? - ќе го прекинете, бидејќи до крајност ве замори толкавото количество на арамилак направен од тие бивши луѓе, закопани под вашите нозе на законската длабочина од 1,50 метар, а вас сепак нешто ве влече кон непознатите и можно е чесни покојници.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Чамецот веќе им го закачија со чакли и го влечеа кон пристаништето.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
На пример, на поче­ токот на изложбата е поста­вен Grond, огромни батерии коишто ослободуваат енергија, или крст којшто влече кон земјата, или наглото присуство, проследено од чувство, коешто е поголемо од животот и ова веднаш создава однос на скала и хоризонт.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сѐ е толку таинствено, ама жарот на лудото срце да дознае што се крие во оваа невидена, ретка земјина форма, го потиснува стравот и те води, речиси насилно те влече кон тајната.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Некаква таинствена сила ги влече кон водените далечини.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Уште со првото утро, Сликарот почувствува немир, чуден творечки трепнеж, кој го влечеше кон ателјето, и кој го намести штафелајот и да ја подигне четката.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Сеќавав како таа помисла и мене ме влече кон неодгатнатите длабочини на бунарот на животот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ќе се приклониме ли кон помислата дека овие и вакви резони влечат кон утилитаризам, или пак ќе пове­ру­ваме дека тоа се резони, коишто нè воведуваат во филозофијата на XXI век, ни преостанува нам, како на читатели да просудиме во зависност од нивото на своја­та наобразба или од широчината на платформата на нашата идеологија но, прочитувајќи го овој роман на Луан Старова, сепак и сепак ќе бидеме спремни да се согла­си­ме со нашиов високо извишен мајстор на литературно-уметничката реч, дека: „Ако има Бог, тој постои само во Мајката!“
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Одамна се мртви тие денови на младоста, но мене и понатаму срцето ме влече кон Пребег последното прибежиште на старите спомени.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Таа го влечеше кон земјата, тој тежеше како камен на едно место.Неговиот крст тежеше.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Нели е тоа опасно за човекот? Нели тоа влече кон пропаст!
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
За оваа незаинтересираност може да се наведат повеќе причини, но како основна треба да се смета августовското попладне кое беше и премногу натрупано со оган што бавно се влечеше кон модрите високи планини на запад.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Некаква необјаснива сила ме влече кон неговата испружена дланка.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК