влече (гл.) - накај (предл.)

Една од сестрите не издржала да не се смее кога баба збо­рувала со својот акцент кој влечел накај албанскиот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
А овој, цртежот, што влече накај тројка, на кој попусто цртам насмеани сонца и облаци што си одат, цветни полјанки, овошки зрели, сместен во ормарот на сеќавањата, никако да го згрее Северецот што бричи и да го претворат во врел Југо, што гали како чаршаф свиленкав.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)