влече (гл.) - низ (предл.)

Потоа долго и без цел се влечеа низ сивилото на улиците бесмислено загледувајќи ги минувачите в очи.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Се сетив на богородица.“ Се влечеа низ сивомодрата прореденост на наквечерината и понизно ги загледуваа луѓето в очи.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Стада млади се влечат низ градовите во бесцелна потрага, надуени ларви што никогаш не ќе се осмелат да станат пеперутки.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
За тоа време мајка ми испуши три цигари една по друга, а Бреза ја отвори машината за шиење на баба ми и, среќна што никој не ја забележува, ги одмотуваше разнобојните макари и ги влечеше низ собата како да ѝ се врзани кученцата.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Таа се влече низ планинските теснини, ја следи реката, лази незабележливо низ полето, ги обвиткува крадешкум перифериските куќи и наеднаш е на улиците: како непријател што ги измамил градските стражи и се пробил ненадејно низ слабо бранетите места, таа наѕирнува зад аглите, претрчува преку раскрсниците, ги освојува куќите една по една.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Всушност, куп јадници без достоинство и памет, загубени во просторот и времето, коишто секој малку помоќен идиот може да ги влече низ беспатијата на историската реалност* како дузини празни вреќи.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Не треба многу - убаво му е кога го скокоткаат зад вратот, кога му шушкаат со хартија, кога ќе дофати нешто што е високо, кога ќе го пушти вовчето како пијано да се влече низ соба, кога ќе ја истури преполната кошница со играчки и сите викаат ’ле-лее’, кога си го наоѓа патот низ тревата и трча, трча, сè подалеку, слободен и сам.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Се чувствував беспомошен, распнат помеѓу судбини на луѓе кои ми се ѕвереа од темнината, ми кажуваа нешто со мимики, ми се закануваа, ме влечеа низ трње и змијарници, и фрлаа по мене со сè што ќе им дојдеше под рака, ми се смееја и плачеа над мене.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК