влече (гл.) - со (предл.)

Тече и влече со себе сичко што стои пред неа, а на брегови животот чмае у троскот зараснат!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
8 Чудовиштето - тоа, значи, било: по нив се влечел со упорност на гасеница мирис на изгорено месо, не мирис што се чувствува со влакненцата на ноздрите и не што се згруднува в грло, сладникав, мек и сепак подвижен залак, туку оној што се закопува во горчливиот мрак на срцето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Не давај ме, внуку, на никаквециве, ќе ме обесат“ - ревеше Јаков Иконописец, го слушав со затворени очи и знаев дека ќе се случи она што часкум го сонив, Калпак и неговиот булук ќе се стрчнат, се стрчнуваа веќе и го носеа на раце или го влечеа со пцости кон габер или кон врба до раб на оризишта фатени од огради на ископана земја, еден врзуваше јазол за јамка на јаже, друг на побелениот Проказник со секира му стоеше на пат не пуштајќи го да го брани малоумниот злодеј од кого очекуваа да се почувствува возвишен пред умирање и да признае дека палел, дека убил вол со тризабец, дека светците од неговите икони ќе му ги простат гревовите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Додека копачите мислеа што да се стори со влечењето на земјата горе, човеков им вели: „Кај Гадафи, во Либија, кога копаат бунари, кофата со земја ја влечат со магаре!“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК