впери (гл.) - пиштол (имн.)

Максим го вперува пиштолот натаму во прозорецот, но не стрела, чека.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Му покажав на Фред да дојде и да го продолжи разговорот наместо мене и додека ја спуштав слушалката, слушнав звук од експлозија и се свртев: ја видов Валери како држи вперен пиштол кон мене и сфатив дека штотуку пукала.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Пополека еден од полицајците се одважи и тргна со вперен пиштол накај Павле.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)