гори (гл.) - во (предл.)

О ти, моја душо страдна, О ти, ум мој – пламнат жар, не се нити сенки вијат, нити мајкин страден лик, туку, ах, е прво либе, сон не знае, гори в жал гради кине век да скрие – чека в младост ноќ и ден.
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Стоеше се така загледан во далечните ѕвезди, а очите му гореа во огнен сјај.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Сета бригада гореше во натпреварувачки огин и, занесени во работа, бригадирците не ја забележаа веднаш големата промена кај малиот палавник, заборавајќи го своето вчерашно решение.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
За последен пат Мече фрли поглед на блатото: под зраците на сонцето што заоѓаше, водата гореше во крваво-црвени одблесоци.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Но за жал, транспортот беше ја поминал Црна на врпските лаки и мостот гореше во пламења.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Пушките, вжештени од огнот на оловото и од пекот на августовското сонце, гореа во рацете.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Христос воскресе, им рече старецот на домашните А потоа долго гледаше во свеќата што догоруваше на трпезата И помисли: меѓу илјадниците свеќи што горат во животот Има само една вистинска – онаа, уште незапалената, - Врз правот нѝ.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Свеќите горат во окопата. И пламенчето го зачекуваме со дланките.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Синајските манастири се без дрво и нема што да гори во нив...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Сѐ ми беше попусто зошто сивите галии гореа во пламен од потопи и понори...
„Чекајќи го ангелот“ од Милчо Мисоски (1991)
Во соништата исто така - луѓе кои горат во океанот или на невозможни места, соништа каде запалена нафта плови по водата и алиштата ти се во пламен и косата ти е во пламен и пламенот навлегува во водата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Бев сосема излуден; навечер горев во треска, имав температура по целото тело, однатре, во утробата; го одбивав Земанек да дојдам кај него на спиење, оти сакав да бидам сам.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Горев во ужасна телесна страст.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Денот е на битисување небото над Морава гори во пурпур...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ќе горат во пеколот кој сами си го создале.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Чувствувам празна надеж, гнила химера, чувствувам како телово ми гори во инферно, тонам во празнина, кавитација, длабока шуплина, го достигнав врвот а се чувствувам осамено, зошто со мене ја понесов омразата, злобна пизма, не сонувам и полека умирам на осамениот врв на вечноста.”
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Тој поглед во кој е измешана есенцијата на љубовта и страста вечно ќе пламни во тие горди очи кои горат во крвавиот залез на недопрениот хоризонт кој ги поврзува небото и морето.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
На небото што пред квечерина гори во пурпур, стрвниците не престануваат да кружат.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Градот крај реката, кој се сметал за еден од европските бисери, алем камен на златниот прстен, горел во текот на два-три дена.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК