гори (гл.) - од (предл.)

Биди ербап сега — не пушчај го", — си зборуваше самата и гореше од желба што побргу да го види Крлета и да го избакне како свое дете.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Горам од нетрпение да видам што е тоа што те тера така брзо и така лесно да го извлечеш пиштолот.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Со векови човекот ја гледал Месечината и горел од желба да се искачи до неа.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Мене, вели, главата ми гори од работа, а тој брка чавки.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Од студот повторно се разболе Илко: одново го зафатија поранешните трески: ту се тресеше од студ, ту гореше од оган.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Навечер покривите од куќите горат од сончевиот залез.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Гореа од желба, но се воздржуваа предвреме да ги откријат изненадувањата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кимам со глава, се заблагодарувам и, со спуштена коса преку лице, проаѓајќи меѓу луѓето, излегувам од ходникот, а грбот ми гори од погледите на вчудовидените.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Оди меѓу ранетите право кај својот ранет кој гори од жед.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК