замисли (гл.) - каков (зам.)

Замислете какво атерирање и, да е иронијата уште поголема, баш тука пред Аероклубот, на ќошот пред споменикот на Стив Наумов.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тие живеат на тринаесетти кат, Снеже на истиот со нас, и можам да замислам каква мешаница и викотница може да е сега по скалите.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Можам да замислам каква болка и нанесов (оти сега знам што значи да бидеш мајка, кога и јас станав мајка).
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Можете да замислите каква хигиена било тоа за нас, ама не можете да замислите каква екскурзија на мозокот сме си направиле зашто нашата прошетка од 12 чекори нѐ чинеше двојна доза од гинипралот, што во превод значеше дека срцето ти чука како лудо вљубено, телото ти скока како да ти е астрално до плафон, а, што е најстрашно, на дежурство на доктор кој ни во сон не сакаш да го погледнеш, а камоли да ти го погледне стомакот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во себе девојката лефтерно одби да си замисли каква била орнаментиката на влезот на некогашната женска гимназија.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)