замисли (гл.) - си (зам.)

Замислете си некој со вас да не сака да се дружи и сите да ве избегнуваат како да сте чума.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
„Значи, имаме десет стапчиња. Замислете си дека тоа се стебла во некоја голема шума, а секој од вас е дрварче и ќе кутнува едно по едно.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
И замисли си: од толку луѓе што пред нас живееле на Земјата, ние ја имаме таа среќа први да гледаме слики од Месечината, први да видиме камен од тоа далечно небеско тело.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
За куќите крај пругите и децата на прозорците. Замисли си само!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Замисли си старец што се тркала по ливадата и бере јаготки.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Замислете си, тоа нејзе да ѝ се случи, на нејзиниот љубен, на нејзиниот сакан, мил, најмил, светол, најсветол лик.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Замисли си - му се обрати на сопатникот од кола да ти го земат пиштолот, а овој си мисли дека го имам само за мустра...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Замисли си поткровје. Токму неговата атмосфера и Времето.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Замислете си, - ќе речат жените, - Тој е дотолку неук, што не може да одигра партија вист!“
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ако сакаш да знаеш како ќе изгледа иднината, замисли си една чизма која пригмечува човечко лице - засекогаш.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На писмото стоеше: „Замисли си ја најтемната ноќ, најцрниот по боја мрамор и најцрната мрава.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Замислите си куќа во која не се прави генерално чистење.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Замисли си, ме потсетува дека сум брала јагоди со Аксја!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„И тоа замислете си каде! На Магарешкото поило“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Замисли си, да го видиш ликот на мајка си, или на онаа која ти е прилегната до срцето, како се лелее под површината на водата а нема сили да се измолкне надвор и вистински да се покаже.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Замисли си, ми вели, без око да му трепне: „А што имаш ти против Иван Степанович!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Замисли си, вели таа, не знам како да ја наречам пред тебе онаа Рајна на Антолиј, но кинисала отворено на мој Ролан.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Рајна дојде и ми вели: „Замисли си, на гробот на Генералот, по повод годишнината од негова смрт, дојде и онаа мивка од куплерајот, онаа Сузи, или како ја викаат уште, и место внимателно да ја слушаат божјата служба сите гледаа во неа, се разбира не жените туку оние другине.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И замисли си, наеднаш Рајна ми вели дека воопшто не ја интересира со кого спиел, и немало воопшто да ја спомнува оваа љубов на Генералот ако не се случило она што се случи - неговото убиство.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Замисли си, оној Црвенокос ѓавол, како што го крстила Сузи генералот Ролан, го довел својот пријател генералот Јенков во приемната соба на Сузи, и го замолил на најосветлениот ѕид да го наслика „Изгонувањето од Рајот“, се разбира со ликот на Сузи како лик на Ева, а за ликот на Адам се предложил самиот себеси.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Откритието ми наликуваше на оние ситни зраци што наеднаш се јавуваат покрај нас во собата користејќи некоја мала цепутка на завесата или на ролетните и тоа со единствена цел да нѐ упатат кон загубената ситница по која со часови трагаме; а замислете си само со колку слободно време располагав секое утро, во миговите на најголемата бистрина на умот, додека чекав во бурекџилницата (топлите симиди мораше да се чекаат ако навистина ги посакувавте топли) а Катерина, реков веќе, потскокнуваше од задоволство кога ќе утврдеше дека се онакви какви што ги посакуваше.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
-Замислете си: чувства што раздвижуваат машини и креваат тежини!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А таму, зад темнината во моите очи, Господ со гласот на исушените лисја продолжуваше да размислува: - Замисли си што ќе се случеше некој од командантите да се впуштеше да им го опишува на другарите сѐ она што се случуваше она пладне, а во тој исцрпен опис да нѐ спомнеше и нас двајцата како сеирџии.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Замисли си, постојано некоја темница ме придружува!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И замисли си : Одеднаш јас се будам а тој покрај мене испружен и мртов.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Замисли си, влегуваш во салата секогаш со мало задоцнување.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Замислете си, во тие јануарски денови кога Брехт барал да се прикажува претставата, властите да го исклучиле греењето, како на сцената,така и во салонот каде што била публиката.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Замислете си: одите на театар, застанувате покрај некој семкар и барате да ви даде фишек со семки.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)