извади (гл.) - пиштол (имн.)

Тој ден селаните молчат чекајќи кај трите даба пред село печалбарите што се враќаат да ги извадат пиштолите и секој да фрли по куршум.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Аџиите и забитот ги извадија пиштолите и ги навртоа во портата, но за секој случај, крајно претпазливи, се тргнаа еден лево, двајцата десно да ги избегнат првите куршуми во случај некој од бунтовниците да стрела.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Луѓето нѐ бранат, нѐ откинуваат. Ама кога го извадов пиштолот, сите се потргнаа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Максим влегува во гостинската одаја, од масата го извадува пиштолот, го сокрива в пазува и кога излегува на чардак на Јосифа, кој станал во меѓувреме, и на другите им вели Ко ќе застуди влезете внатре, а на Васила Митрески Ние со тебе, Васил, ќе се прошетаме малку.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Го извадив пиштолот и — бам, бам, бам, — трипати испукав пругоре.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кметот на селото качен на коњ и со изваден пиштол опкршуваше околу каменоломот и ги бркаше луѓето да се тргнат подалеку.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ме виде командирот каде што јадам и го извади пиштолот да ме стрела.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И тој од силен страв и избезуменост, го извадил пиштолот и го убил.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Тие првин ги симнаа редениците, ги извадија пиштолите, ги закачија на клиновите зад вратата и наседнаа на столчињата.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Фрлајќи ја последната бомба, Орце го извадил пиштолот, се исправил на балконот и се самоубил113.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
На враќање од таму неочекувано го пречекаа двајца корпулентни типови со крапински изглед кои го застанаа и како у вестерн филмовите му извадија пиштол.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
На ова Младен инстинктивно го извади пиштолот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)