има (гл.) - пиштол (имн.)

Што знам, Сане, си велев, оној е луд, овој уште повеќе - ја ако има пиштол?
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Е, тогаш да имав пиштол ќе го застрелав ко гавран.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Добро, де, знам, главно си имал пиштол, нели?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Кога дојде да ме бакне пред спиење, ми стана жал за неа што се грижи и што се плаши да има пиштол в куќа.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Размислував за сите луѓе кои сум ги видел со пиштол - дури и Вера имаше пиштол.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Кога дојдоа до мене на два метри, командантот на ОЗНА го погодија балистите право во устата, тој го имаше пиштолот в раце и тој му падна.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Па колку што знам само некои од нив имаат пиштоли и по некој електричен пендрек или спреј за привремено заслепување.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)