има (гл.) - лош (прид.)

А пак бидејќи имаше лош карактер, и бидејќи беше себичен, си и гледаше само себе а за другите не му беше гајле реши уште истиот ден да го напушти својот стан под ќерамидата и да се всели во станот од ластовиците.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
За лош човек имаме многу зборови, велам, колкушто има лоши луѓе, толку и лоши зборови.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јас: Ти велам, имав лош сон.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
„Повели на масава“ го покани. „Тоа столче има лоша предисторија“.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„О, немој, те молам, Кети. Добро ми е. Само имав лоша ноќ, не спиев добро.“ Кети седна на креветот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Како последица на тоа просториите се зачадени, воздухот е загаден и има лоша, неподнослива миризба.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но ако има лоша душа, злобни намери, тогаш можеме и да го мразиме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
За жал имам лоша навика па никогаш не се распрашувам за дечковците или другарките пред да се втурам во врска со нив.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК