носи (гл.) - пиштол (имн.)

Додека ги облекував пижамите слушнав дека мајка ми му рече на татко ми: - Би се опкладила дека старион навистина го носел пиштолот со себе.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Во ранецот носев пиштол илегално, тоа го знаеше само другарка ми Цвета.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
ОРУЖЈЕТО ЕДНАШ ГОДИШНО ПУКА САМО Нашите во отсекот, кога одеа некаде по работа ги носеа пиштолите.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
А за уште поголема белја, со себе носев пиштол, кој не го предадов кога се распушти одредот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)