планира (гл.) - да (сврз.)

Во овие градови се планира да се отворат нови живеалишта уште за 4 до 6 милиони жители.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се планира да се изградат толку и толку електроцентрали, фабрики, рудници. Потребни се.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
А токму тој ден планиравме да го префрлиме во Југославија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Татко ми од Мелбурн, додека беше уште жив, како што се бевме договориле, ми испрати една сума пари во бренчот на Сити банк во овој град (во нашите банки во тие години немавме доверба откога милионски суми на штедачите им пропаднаа) и јас, бидејќи веќе планирав да патувам во Измир, реков дека и така ќе поминам во Истанбул и ќе ги земам парите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Еве, јас да речам, да информирам, скоро прочитав дека Јавното сообраќајно претпријатие планира да вгради посебни еко - мотори.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Потоа Едо – авторот верува дека Едо и саскаше да се пофали, но и затоа што авторот нему му ја влеа нужната доверба – на масата го распростре планот за куќата со дваесет и пет соби и дванаесет бањи што планираше да почне да ја гради наскоро на една рудина каде што се подигаше нова резиднцијална населба.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Работи кои губат на значење, со тек на време дали твоите планирале да се родиш; што си имал географија во петто; дали некој е малку постар или малку помлад од тебе; кај си го загубил црното зимско капче; од која страна на креветот спиеш; каде си бил на летовање 1976; породилните болки; кому си му ја позајмил „Бесмртност“ од Кундера откако повторно си ја купил; ланскиот снег; сè што си заборавил, затоа што сигурно имало зошто; прашањето што би било кога би било и, повторно, дали сево ова има некаква смисла?
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Знаете, за денес не планирав да ја донесам.”
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Девојката никогаш не зборува со машкото за такви работи освен ако планира да се омажи за него.“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
3 Б. Н. сега, а и за време на споровите, е член на една синдикална организација и на едно здружение на бранители, но воопшто не е задоволен од поддршката која ја има и планира да се откаже од членството во синдикатот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Има една новост: планирам да престанам да работам како liftboy оти со еден мој пријател (Сајмон Вилиамсон, ти имам за него пишано) планираме да отвораме дуќан за чевли.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Нападот и откривањето на картите планираше да го направи кога ќе има најмногу „публика“.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Кажете ми, докторе, колку долго сега планирате да ме држите на болничкиот пансион?
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Така двете се извлековме од тоа што тие планираа да се случи.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК