помине (гл.) - долг (прид.)

Секој поединец, на кого ќе му се случи да не го сфати ова правило ќе мора да го помине долгиот пат на превоспитувањето.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мајка ми со години планираше да отиде и да ја види братучетка ѝ, но никако да се крене и да го помине долгиот пат.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Не помина долго време кога една млада жена се приближи до неговиот дом, а потоа вратата се отвори, и таа влезе внатре.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Помина долго време пред да ја посетам Клара.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК