помине (гл.) - последен (прид.)

Наместо било што во директна врска со О'Брајан или со Братството, во свеста му се појави некаков комбиниран приказ од темната соба во која мајка му ги помина последните денови од животот и од малата соба над продавницата на г.Черингтон, со стаклениот тег за хартија и со металната гравура во нејзината рамка од ружино дрво.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Зар сум ги поминал последниве денови во бунило?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Прозорецот е од другата страна на детската соба во која мајка ни ги помина последните години од животот.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Сметајќи дека ќе го убие Хитлер идниот ден, а потоа и самиот себе, лицето Џ решило добро да ја помине последната вечер.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Ја слушам Цеца, по долго време. Ме потсетува на сè што поминав последниве три месеци.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК