помине (гл.) - прв (прид.)

Така поминаа првите денови во бригадата, без да се случи нешто интересно.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Бараше да ѝ раскажам како ми поминал првиот училиштен ден во петто одделение.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Не ќе го гледа школото во кое ги поминал првите одделенија, а пред кое сега шлапкаат брановите и, не ќе ги гледа редот високи тополи покрај потокот што се урива од планината. А брата си и на животе не повте да го види.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК