појави (гл.) - во (предл.)

На место него сигурно некоја ѕвезда ќе оборам. (се повлекува од балконот и, подоцна, се појавува во двориштето).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
– Кадијата од Прилеп во Македонија Арслан-беј моли за милост и совет како да постапел со извесни разбојници што се појавиле во неговата нахија, подигнале бунт и ги погазиле твоите свети закони – и го отвори самото писмо.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тоа мораше да се случи уште првиот ден, кога оној се појави во нивниот кварт.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Овогодишнот мај уште не го распеал паркот, но тој штотуку не се појавил во својот расцут...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И де ќе се појави во навалицата, де ќе ја снема во витлите, во дувалата и пак да ја исфрла на суво.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сега таа одеднаш, неочекувано се појави во нашата спална.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Татко ми нашироко го дообјасни зборот – автохтони, па продолжи: – Во една германска книга пишува дека козата се појавила во Европа во времето на варварските инвазии.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Неговите цртежи започнуваат да се појавуваат во весниците.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Хиератички, ритуални кај него не се суштествата, туку формите, кои ја сугерираат сетилноста, јаснотијата и поврзаноста со среќните кукли, кои се појавуваат во неговиот свет.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Така, еден натпис на трите концентрични ленти, во рамкиге на ротирачкото тркало на кое е прикажано окото на господ, се појавува во неговата “карта на одбивањето на магнетната игла”.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Зборовите “moustiques domistiques demi-stock”, за прв пат се појавуваат во недоглед испишани од задната страна на жетонот од една мала коцкарница во Монте Карло; шемата ја дизајнираа Дишан и Мен Реј, на 1 ноември 1924 година. DES MOUSTIQUES DOMESTIQUES (DEMI-STOCK) е алитерација повторно заснована на формулата 3х3, или три пати по три слогови. LA CURE D’AYOTE i LA COTE D’AYUR се две групи од по три слога, чии звуци се поклопуваат. INCESTE OU PASSION DE FAMILLE, A COUPS TROP TIRES. INCESTE OU PASSION DE FAMILLE наједноставно може да се преведе како: инцест или семејна страст. Passions е прво лице множина, несвршено време од глаголот passer, преминување.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Приближно, во исто време, ПЦП се појавува во форма на таблети по улиците на Сан Франциско.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Нечистотијата се собира под ноктите и одовде: “Колку црното под ноктите” - во значење на некое мошне мало количество, но во јужнословенската екумена фразеологизмот се појавува во мошне скратен облик: “нокот” или “црно”; во делот од западното словенско население квантитативната вредност на црното под ноктите преминува во експресивно-квалитативна оценка: кој има црно под ноктите, тој има грев на душата.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Како прво, ми рековте дека контрадикцијата е феномен што се појавува во рамки на една реченица.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Но, мораме да се подготвиме и за други форми на newspeak, дури и кога се појавуваат во наизглед невиниот облик на популарниот talk-showk. превод: П. Вулкански
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Сега глетката се појавува во тридемензионална форма и за да се види потребни се специјални очила (техниката инаку успешно е испробана во кино-салите).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Менаџментот на најуспешните радио станици се заснова на вештото одбирање на темите и личностите што се појавуваат во програмата - често не е лесно да се одлучи меѓу добриот плаќач од тутунската индустрија и сиромавиот од здружението за заштита на животната околина.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
На 25 години се појавува во Лисабон и таму ја изучува вештината на изработка на мапи.
„Маргина бр. 21“ (1995)
Една слика на Адриан дер Верф (17 век) покажува гола жена со екстатичен израз на лицето пред слика од сон на саканиот која се појавува во облаците (сликата има наслов: Предочувањето вреди повеќе од стварноста).
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Љубовта овде се појавува во една од највисоките матафори на наводно неспоивото, како највисока “discordia concors”. (...) Во времето на Клемент VII, кога во полн замав се развиваше првиот римски маниризам, Рим Arcimboldo1 Flora 238 okno.mk бил преполн со проститутки, конкубини, куртизани.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Поновите истражувања велат дека е роден некаде 1593-та во Мец (североисточна Франција), дека 1612 се појавил во Рим и дека 1620 заминал за Неапол, родниот град на Марино, каде што работел до својата (датумски непозната) смрт.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Цитираме од умната и опфатна книга на историчарот Ehard Schon, Искривена слика okno.mk | Margina #26-28 [1995] 198 на уметност Јиргис Балтрусаитис: “Зборот анаморфоза се појавува во 17-иот век, но во врска со веќе претходно познат контекст.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Мотивот на лавиринт експлозивно се појавува во 16 и 17-иот век и помеѓу 1880 и 1950- та. (Три примери од ликовните уметности: “класичниот” лавиринт од доцната ренесанса; дрвениот свод во Palazzo Ducale во Мантова; деформираниот крстовиден лавиринт на Лелио Орси, и /современиот/ на Фабрицио Клерици, “Минотаур јавно ја обвинува својата мајка”.) Ханс Вредеман де Врис цртал волшебни лавиринти во својата книга Hortorum Viridiari- orum Formae (Антверпен, 1583).
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Некои од нив се појавуваат во работата на група француски математичари - Анри Поенкаре, Пјер Фату и Гастон Жили, во периодот меѓу 1875 и 1925.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
При оваа раздалечина постојат бројни можности за нестабилност и хаос, коишто во разни форми се појавуваат во сите големи машини.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
СТАДИУМИ НА ХУМАНИЗАЦИЈА Како што го враќам филмот наназад низ моите седумдесет и плус години на служење како СамоРегулирачки Агент и Еволуциски Скаут, ова гледиште се појавува во фокус.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тогаш ние отидовме наоколу и разговаравме со други производители и им рековме дека ако овие таблети се појават во продажба целиот пазар ќе им се уништи - ги прашавме дали би им се допаднало тоа?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Негативноста - и со нејзина екстензија, кога се појавува во уметноста, деструкцијата - се појави за да им пркоси на западњачките општествени и естетски канони за вистина, хармонија и ред.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Но виртуалното на својата страна се појавува во време помало од она што го одмерува минимумот движење во единствена насока.
„Маргина бр. 36“ (1997)
Ом Игор, после Станковски и Беди, ти си третиот член од бившата уметничка група „Зеро” што се појавува во Маргина.
„Маргина бр. 36“ (1997)
Крајот на доктор Хакер (Doktor Hackers Ende) прв пат се појавил во Die neue Kunst I/1, 1913. 62 okno.mk
„Маргина бр. 36“ (1997)
Социјализмот, теорија што се појави во почетокот на деветнаесеттиот век и претставуваше последна алка во синџирот на мислења што се протегаше назад сѐ до бунтовите на робовите во Античко време, сѐ уште беше сериозно заразен од утопизмот на минатите времиња.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И двајцата дишеа забрзано, но онаа насмевка повторно се појави во аглите на нејзините усни.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но имаше конкретен доказ; тоа беше еден фрагмент од напуштеното минато, како фосилна коска што ќе се појави во погрешен слој и ќе ја уништи геолошката теорија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тие ќе се појават во превод на Пантелиј Заров, но, се разбира, ќе биде споменато и вашето име.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Кутричкиот, сигурно исчекува, слушајќи ја грмотевицата, да му се појави во куќата.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Постојат, нели, такви моменти, кога се појавува во нас самите некоја поделеност што не сме во состојба да си ја објасниме.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А кога дојдоа нашите, се примири некаде, како под женски скут, и додека сиот град излезе на улици тој не се појави во чаршијата барем да си ја обие својата бутка, сѐ додека не го дочека синот во партизанска униформа.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ја задржував, колку што имав свесна моќ за тоа, во спомените, потоа, низ лавиринтот на потсвеста, таа за миг ќе ми се појавеше во некој од сништата кој секогаш се збиднуваше зад границата, во родната земја.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Дека уште утредента ако не и истиот тој ден можат тие туѓински војници да се појават во полето помеѓу двеве планини.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не бев начисто со што се заслужува една ваква читателка со голема душа и големо срце, која ретко, многу ретко се појавува во животот на еден писател.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ќе се обидам да убедувам, без оглед дали ќе влијаам во мој прилоg во конечната пресуда, дека зборовите ми се појавуваат во свеста како вистински кодови на животот...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Таа природа пак нежно, без напор и принуда од нас ја извлекува скриената дарба, дозволувајќи ни сами да си го размотаме јазолот, во кој поради незнаење сме се уплеткале...за потоа да ни прости, тој учител, на кого целта му била да не прочисти, па дури потоа сфаќаме: дека затоа тој воопшто и не се појавил во нас!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Она кое еднаш се појавило во јасен вид нема потреба од метафора.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Земјите од блокот на Централните сили, како моќни држави, се појавуваат во времето кога светот веќе бил поделен на интересни сфери.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Нов бран на незадоволство кај македонскиот народ се појавил во текот на 70-тите години на XIX век.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Појавувајќи се во 17 и 18 век, во европските кафеани и салони, а подоцна и во памфлети, списанија и весници, идеите, медиумите и институциите и практиките кои придонесуваат за „критичко себепромислување и размислување за државата“81, т.е јавната сфера, првично се појавува во исклучивата средина на машките/ буржоаски/бели простори.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
А со расказот Прва љубов (1934) тој се појавил во антологијата на американскиот расказ насловена како Расказот во Америка (1933-1934).
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Како одблесок се нижат деновите и ние се враќаме со мислите на боиштата, во туѓината, се враќаме во тоа наше постоење таму и тука, во нашето вчера и денес и не поткачува прашањето – а утре чија слика ќе се појави во весниците и чие име ќе го слушнеш во телефонската слушалка?...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Но не со намера да го укорам заради непристојното и по малку загадочно однесување во оној дел од неговата приказна што се однесуваше на спомнатиот волшебно розов облак, туку за начинот на кој настојувал да се изземе себеси од секое можно сомневање па дури и од недоразбирањата што би можеле да се појават во врска со нив.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Од тој момент кога нејзиниот избраник се појавил во апостолки и без веренички прстен нашата мајка цел живот копнееше по бел фустан и ја замислуваше нејзината свадба.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Во совршенството на осаменоста сите сме способни да изградиме градови во длабочините на водите, ангели на харфи кои се појавуваат во темницата, свет на хармонија и задоволство, далеку од глупоста и хаосот на секојдневието, од колективната хистерија и движењето низ толпата која ме загушува, каде што освен просторот и времето нема никаква емоционална поврзаност.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Или да се појавам во природна, неизменета состојба, онака како наутро, само со грст вода фрлена на образот и малку помадичка, на рамни чевли, без лажна висина.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Откако ја вкусија и пофалија мајсторски подготвената баклава, Камилски се најде повикан да се доискаже за потеклото на баклавата: Постојат тврдења дека баклавата прв пат се појавила во Централна Азија, според други во античка Грција, а според трети во Сирија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Италијанските зборови се појавуваат во турскиот јазик, а потоа се пренесуваат и во балканските јазици, во периодот ХV-ХVI век, кога се воспоставија трговски и прекуморски врски помеѓу италијанските републики (особено со Џенова и со Венеција) и Отоманската Османската Империја.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Зар не беше оваа библиотека збир од соништата предизвикан од секоја книга, кога прв пат ќе се најде во рацете на сопственикот, поврзана со некој настан, задржан во потсвеста и сега се појавува во сенката на ноќната тишина на библиотеката.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК