привлече (гл.) - внимание (имн.)

Водоскокот им го привлече вниманието и како да заборавија каде се наоѓаат, почнаа да се задеваат и смејат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Пошарено и понеобично се облечени и привлекуваат внимание оние што дошле од преку океан, од Америка, Канада, Австралија.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Набргу предметот што му го привлече вниманието се најде во неговата рака. Го протри со прстите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Таа не привлекува внимание толку со она што го изведува, колку со атрактивниот настап на музичарите, со нивните неразбирливи извици, слични на оние на Индијанците.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Французинот, оно со трговски дух, прави сè да го привлече вниманието на кпувачот преку неонските реклами и преку сите други пропагандни ефекти.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Едниот дел на таванот беше подреден со книги од татко му и предмети што преостанаа од лабораторијата, масиче за читање и пишување, троножно столче, сламена постела за лежење, фенерче обесено на гредата, чоколадни сликичиња на глумци закачени со патенти по гредичињата, големо огледало од подот до покривот, потпрено до еден дирек, кое најмногу и го привлече вниманието на Злата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ова сознание малку ме вознемири. си спомнав на тоа што татко ми ми објасни дека момчињата во пубертет се поулави од другите, дека сакаат да се прават важни и неустрашиви и дека се наклонети на непредвидливи нешта, само и само да го привлечат вниманието на околината врз себе.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Едната од нив веднаш ми го привлече вниманието.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
продавачите на железарија ја растуриле сермијата крај патот (маши, пирустии, кации, потковки, секири, српови, коси, сорови, синџири, тепсии, ибрици, ѓумчиња, аванчиња, легени, кантари, саанови, котли, ѓезвиња, кандила, фенери) и тропаат со ѕвонци за да го привлечат вниманието на луѓето;
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Итрина да стане што подопадлива: итрина да му го привлече вниманието на мажот; итрина да го наведе секогаш будалиот маж да ѝ се обрати; итрина да му помогне кога и каде да се најдат; итрина заеднички да се ослободуваат од срамот што еден пред друг се соблекуваат...
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Во овој период стилот драматично ѝ се менува, со внесување на елементи од Надреализмот, и што 112 Margina #4-5 [1994] | okno.mk набргу ќе го привлече вниманието на Анри Бретон. (10) Покрај скулптури Мартинс исто така правела и накит, кој како и некои нејзини вајарски дела, содржи органски форми обликувани во експресивен манир.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Неговата ревност полека попушта кога одеднаш нешто во купот му го привлече вниманието.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
На другиот крај од големата маса во одвратната чајџилница Филонус, тивко ги разменуваа што религиозните што садистичките што метафизичките што мајчински искуства, следниве три личности: младата госпожа Ана, инаку позната како сопруга на човекот што катедрата за логика ја замени со кафанска маса на која стојат мистериозните кибритчиња и лактовите на народнот мудрец Неџо; госпожицата Буде вообичаено - спрема правилата на тајната организација „Црна Ружа“, така суптилно провалени од инаку најглупавиот балкански весник „Вечер“ - облечена во нејзе милите папски бои: љиљакова, портокалова и бела („синестезии, нелогичности!“, се слушаше врескање од соседниот крај на масата) и со специјална ловачка капа на главата на чиј што врв (на капата), провокативно искривено, трепереше зелено масонско перо, ко ветроказ; додека човекот што токму зборува - и чиј што истоштен, од премногу експерименти со нејадење и неспиење, глас, го привлече вниманието на г. Абов - се одзиваше на името „Никола, врти кола!”, или скратено Никола Вртикола.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Технологијата го привлекува вниманието на нов начин.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Повеќе од кога и да е не сака да привлекува внимание.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во тој поглед стариот бит-автор може да се смета за креатор на имињата на овој музички правец. Bur- roughs самиот пишувал за рок магазинот Crawdaddy и не случајно на тој начин го привлекол вниманието на панк-заедницата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во следните неколку месеци продадовме околу 20,000 копии што го привлече вниманието на „Пантеон Букс” во Њујорк и на иницијатива на Арт Спигелман, моите работи беа презентирани на издавачите.
„МАРГИНА 22“ (1995)
Во голем број случаи, тоа претпоставува дури и поголема интелектуална храброст: јавните скандали го привлекуваат вниманието на медиумите, но обновата на марксизмот може единствено да предизвика потполно недоразбирање и осаменост.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
“Системите кои го привлекуваат вниманието не се во термодинамичка рамнотежа - тие имаат метаболизам, апсорбираат енергија од некој надворешен извор и го отфрлаат она што не им е потребно.”
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Само Васо Паша го привлекол вниманието на основачите на музејот со познатиот цитат: „Разбудете се Албанци од долговечниот сон, стане­те браќа и во една беса обединете се, оставете цркви и џамии зашто верата на Албанците е албанството!“
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Вандализмот на рускиот уметник Александар Бренер на почетокот на оваа година во Стеделијк музејот кога тој со спреј нацрта зелен долар врз 52 okno.mk сликата „Белиот крст на сиво“ (1920-27) од Малевич, ми изгледаше како необичен и бесцелен чин на насилство, со единствена цел да се привлече вниманието на медиумите.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ова го привлече вниманието на печатот, а изјавата на сведокот Геурт Имансе јасно укажа на фактот дека Бренер е еден од најважните уметници.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Веќе со својот прв роман, Потеклото на брунистите (1966), Кувер го привлекол вниманието на ктитиката и ја добил наградата “Вилијам Фокнер”.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Но, кога јас ги употребував цвеќињата, оригиналната фотографија беше огромна, а јас употребив само еден мал дел од неа и го зголемив. DD ПТ: Што најчесто ви го привлекува вниманието? DD ЕВ: Добар излог...
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Некој посебен закон против одењето дома по невообичаен пат не постоеше: но тоа беше доволно да се привлече вниманието на Полицијата на мислите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Меѓу останатите информации една посебно го привлекла вниманието на Меклин.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
- Втората македонска ударна бригада требало да тргне на 31 јануари од реонот на с. Зборско со задача да дејствува во Тиквеш и реонот на Гевгелија со цел да го привлече вниманието на бугарскиот окупатор за да го олесни пробивањето на Првата македонска-ударна бригада во Централна Македонија и истовремено на третата група баталјони низ Источна Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
„Точно! Неговите написи ми привлекуваат внимание.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Еден-два часа потоа нови грмежи ми го привлекоа внимание и видов нови десетина мечки - австриска ескадрила.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Мала група, но доста голема за да го привлече вниманието на турската полиција со своето безделничење во Солун.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Се раскокодакаа петлите гласно, врескаво и го привлекоа вниманието на околните кучувачи.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ми го беше привлекол вниманието облакот кој откако ги пречекори црвените покриви на куќите на Водно веќе наближуваше кон црниот гајтан што се размотуваше од високиот оџак на „Турист“.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Бојата на гласот се измени и стана обмислена и игриво сериозна, како кога актерите сакаат да го привлечат вниманието на сосема незаинтересирана публика.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Тоа било повод тој да стане познат во Америка и неговото дело да го привлече вниманието на пошироката американска јавност.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Во овој весник тој објавил повеќе написи и за имигрантите во Чикаго и со тоа го привлекол вниманието на американската јавност.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Трагајќи, се изгубивме меѓу зградите. Со раце покажуваме де на едната, де на другата страна, со што го привлековме вниманието на минувачите.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Нашето гласно смеење го привлече вниманието на патниците кои чекаа во редица.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Чиниш ништо друго не можеше да му го привлече вниманието.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Го отвори барот во кој автоматски се палеше светлото што треба да го привлече вниманието, почна да ги нуди гостите со сите можни пијалаци.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
 5 Но, ако се има на ум дека барањата на македонските пауперизи- рани работници од средната и ниска класа [пролетери/надничари/ платеници/аргати] очигледно, не го привлекуваат вниманието на правниците во поголем број – прилично површното трети- рање на овој, закоравен и дехуманизиран, правен сегмент и не е нешто толку необично, што би требало посебно да нè зачудува, барем во македонски прилики.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Многу сакаше да присуствува на нашите журки по повод роденденските прослави и многу често му успеваше да го привлече вниманието на присутните и тогаш немаше спас.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Ги меша желбата да привлечат внимание, а ги немаат вистинските атрибути.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Немањето на таа доблест бара многу труд и умостегање, за да се привлече вниманието кон втората вредност.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Сѐ почна без врска, а не ни знам што вистински ми го привлече вниманието кон неговото пакосно присуство.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Тоа го правеше да ми го привлече вниманието, кога ќе престанев да ѝ обрнувам внимание.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Тој и самиот истакнал дека лично не е запознаен со мислењето на Американската влада во однос на НОД и Тито, но потенцирал дека Јосип Броз Тито "го привлече вниманието на Британската влада", поради што САД би требало јавно да истакнат: "Тито, ти направи добра работа, и ние сме за тебе", што од своја страна, сметал Ла Гвардија, би помогнало многу на патот кон признавањето на НОВ и ПО на Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Од причини што настаните на Балканот во текот на целата 1943 година се нашле во средиштето на интересот на американскиот печат и го привлекле вниманието на американската јавност, уредниците на месечното илиустрирано списание "Слободен свет" (Free World), кое било застапник на демократијата, на своите страници отстапило посебно место за разјаснување на новите револуционерни тенденции што се појавиле во одделни земји со започнувањето на Втората светска војна.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
По Првата светска војна зачестените судири во врска на статусот на Македонците во делот на Македонија во рамките на Србија, делот на Македнија во рамките на Бугарија и делот на Македонија во рамките на Грција го привлекле вниманието на американските службеници во легациите во Бугарија, Грција и во Кралството на СХС.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
10 За САД, македонското прашање влегувало во рамките на т.н. балканизам. 11 Појавата на ВМРО и Врховниот македонски комитет во голем дел не го привлекла вниманието на дипломатите на САД, бидејќи само неколку службеници работеле на Балканот и тајната природа на движењето останало надвор од очите на Американците, кои биле фокусирани на економските работи, пред сѐ во пристаништата на Османлиската Империја.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Понатаму: сте забележале ли кои улични знаци, над вратите од продавниците, најмногу го привлекуваат вниманието?“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Посматраше со големите налудничави очи и со сите сили се трудеше да привлече внимание.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Му одговорив потврдно. Знаев дека го одбра вистинскиот начин да ми го привлече вниманието и сето тоа ми го чукна умот, во еден многу краток момент.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Камилски како да сакаше со овој проект да го привлече вниманието на властите кои ја продолжуваа традицијата на искоренувањето на османското и турското од балканските војни, во текот на целиот XX век, но, секако, дека тој си имаше свои различни аргументи кои сакаше да ги сподели со Татко, когошто го сметаше за голем авторитет по ова прашање.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Јуришот во центарот - источниот дел на фронтот, треба да го привлече вниманието на командата на ДАГ.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)