се (гл.) - лош (прид.)

- Што ти е, Малинке? - прашува мама. - Сите деца се лоши!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Тој го мразеше Адема со целата своја млада душа уште од своите петшест години, кога мајка му велеше дека Турците смрдат, дека тие се лоши луѓе, „пци што нѐ лачкаат нас христијаните, што нѐ тепаат секој ден и што ни го земаат житото, млекото, в'пата што ги печалиме ние".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Во војно време, велам, сите луѓе се лоши, Само на крв рикаат, му велам на војничето што го носам, ко волови, ко јунци рикаат, му велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Еве, си реков, Велико, пак ти не верувај дека луѓето со чпртест нос не се лоши.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На сѐ живо му се подбиваат. Инаку, верувај ми, не се лоши.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- Самовилите се лоши или добри? – праша неочекувано Дена.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Давам љубов, кога се фини, мавам вербални шамари кога се лоши.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК