стане (гл.) - во (предл.)

И ако прашаш во кое време , знаат и во одговор ќе речат дека тоа станало во времето на грчкиот цар Михаил, бугарскиот кнез Борис моравскиот кнез Коцељ - во годината од создавањето на светот 6363*.
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
Со еден збор, по една две години тој станал во вистинска смисла на зборот економ на манастирот.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Малите квадрати на нивните лица беа меки и влажни, предавнички голи; и молеа се ова да се прекине, и тие сите, колку што ги имаше во салонот, да станат кртови, да се завлечат в земја, и зашто черупките има беа полни со звучен експлозив, расеамо помагаа за да станат во таа ноќ сведоци на една хазардна игра во која тој многу вложи и многу доби.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Патрокле не дава пари лесно. Којзнае што може да стане во оваа проклета зандана?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Зашто – леле! Којзнае што ќе станеше во станот на Зоки Поки, ако овој Фигаро умееше да држи ножици!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Проклет да бидам, сè ќе стане в о д а.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
А за одењето во Прилеп, дали ќе стане в петок одвечер или в сабота зараното, ќе ви се каже.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Максим влегува во гостинската одаја, од масата го извадува пиштолот, го сокрива в пазува и кога излегува на чардак на Јосифа, кој станал во меѓувреме, и на другите им вели Ко ќе застуди влезете внатре, а на Васила Митрески Ние со тебе, Васил, ќе се прошетаме малку.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Беше тоа ноќта кога се одржуваше Трката со чамци - ужасно груби умееја да станат во ноќите на натпреварите во веслање - и јас се удрив во еден млад човек на авенијата Шафтсбери.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А јас , небаре само јас се враќам во родната земја за да видам што станало во слободата и демократијата, со остатоците на поширокото семејство.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Што ли ќе стане во Солун, па и пошироко, каде што атентаторите пукале и дигале во воздух згради 3-4 дена?
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ама станала во темница, одела ноќе до кујната водичка да се напие, се сопнала од некоја врчва и паднала.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Имам сопче со зеленосиви тапети, со две зелени завеси со боја како вода, дезенирани со многу бледи ружи, освежени со тенки крвавоцрвени цртички. …прилично ме обзема страв од лудилото кога ќе ги видам одблиску оние што боледуваат од него, каков што многу лесно можам и јас да станам во иднина.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мајка ми била толку многу осамена, тажна и исплашена во истиот тој кревет, иако не морала да стане во шест часот наутро, да ги слуша вестите и да го поздравува знамето (кое и да е) ниту, пак, да јаде парче леб со салама или кашкавал, ако имала желба за некаков друг оброк сосема различен од тој. ...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Стана во мугрите. Се врти по куќи, мисли, размислува и сенешто и шепоти дека погреши.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)