стане (гл.) - од (предл.)

Станал од спиење Велко и си го грабна Силјан в раце, та си го измилувал и слатко си го целивал.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
- Да, на камен се збуни Кузман, стана од земја и ги истресе сините ногавици извалкани од прав. - Таков е животот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Само така те сакам и те зимам, инаку, кажи ми отворено и јасно: за мене ќе се мажиш или за некој околу мене? — И стана од столчето, се приближи до нејзиното.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Трајче стана од ендекот и погледна. Од камионите се слушаше офкање.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Греота е, - рече Србин и стана од местото. Кинисаа, Србин напред, Шишман по него.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Што седна, вели Јон, сега станавме од седењето. - Не знам што ми е , му велам, не можам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се дерам, а во себе, си мислам, мајката, што стана од овој човек, кај отиде неговата лутина, си мислам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Да не дојдам во ситуација да не можам да станам, да си ги вршам основните потреби, да станам од човек - ајван.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Станав од креветот и се мушнав во собата на Бреза.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ноќта игуменот чу тропкање по чардакот; наштути, стана од креветот и ѕирна низ прозорецот од одајата; на месечевата светлина го забележа Наќа кој помина држејќи дрво в рака и се упати кон одајата на полковниците.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Бев болен и мал момчак чии прсти тогаш не допреле женско месо и можев да знам дека и со маки ќе се исправам, ќе допрам врв на нож до грлото на килавиот Јаков Иконописец што пошол сам од Кукулино по нас да ја одмаздува својата споулавеност и да го прашам кој ќе го одбрани од казната за која треската ме определила, и можев да ги прашам засипнато другите по што се позрели од мене кога не процениле како и од кого горел Круме Арсов и кој е грешниот светец дојден да го убие волот на Цене Палчев или на Чучук-Андреј или на Осип Сечковски, не знам, на еден од луѓево чија желба е да донесе камења, два и тешки, за воденица со мрак под покривот што ќе е светлост само за призраците, и пак не станав од сламата на Никифоровата кола, еднаш со скршена, сега со втора оска, а небото не се уриваше со бучава како што мислев и не летаа ни врани ни пропаски, ни некои евангелски птичиња со црвени вратови и со грпки, само татнеше под нас земјата во која коските на мртвите се кршеа една од друга и нѐ предупредуваа да клекнеме и да се помолиме за црвите во нивната шупливост, и чувствував со ноздри дека ќе испука дамкавиот камен од кој се спуштија Онисифор Мечкојад и Јаков Иконописец и ќе пушти од себе стеблики со горчливо млеко во себе, меѓутоа слушав шушкаво дишење, свое бездруго, останувајќи бессилен под влажни сенки како под кожа на страшно голема гуштерица, и си реков не си веќе жив, сполај му на господа, сонуваш мртов сон обидувајќи се да мрдаш со прстите во опинците, си раскажував, а во тие опинци уште лежеше студот на водата од потокот што го прегазив кога се враќав од Мечкојадовото засолниште во забелот, во тој ден или вчера, пред сто години можеби, и го барав со внатрешниот вид на очите среќниот миг на детството од дните кога со врескање се прерипува баднички оган, наеднаш без возбуда да се сетам дека бев премал кога мајка ми умре заедно со мојата новородена сестричка и кога татко ми отиде и не се врати, едни да докажуваат дека загинал од димискија, други да се колнат дека се преженил кадрав и убав, животворна сила заради која и света Петка повторно ќе можела да се најде на земја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А Арсо Арнаутче станал од клупата и се испрчил, речиси војсководец е што се гордее со раните спечалени на невидено боиште.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Така тој ден Даскалот почна со сметање и бате Јоле стана од местото и си излезе надвор.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
По неколку денови Весна стана од постела, оздраве. Започна да оди и на училиште.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Па сепак од тој напор како да се скина некое конче во мене и туку се најадов станат од креветот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Еден друг стана од својот стол, му пријде на овега што си ја амка ногата и се спушти на колено пред него.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
„Нешто му е случи на мојот камион“, јазикот му се движеше суво помеѓу усните, а очите му беа цврсто затворени сѐ додека не стана црно и немаше никаква светлина и беше како кога стоиш сам в соба, тукушто станат од кревет, сред мрачната ноќ.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
И тогаш, под хипноза на сонот, малите рудари станаа од сламата на која спиеја, но не ги зедоа копачите.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Кога стана од земја, утврди дека бил покриен со парченца стакло од најблискиот прозорец. Продолжи понатаму.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Штотуку се беше вратил назад на првата глава, кога ги слушна чекорите на Џулија по скалите и стана од фотелјата за да ја пречека.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Џулија се разбуди од пеењето, се протегна во сласт и стана од креветот: „Гладна сум“, рече. „Ајде да свариме кафе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Постепено почна да минува помалку време спиејќи, но сѐ уште не чувствуваше потреба да стане од креветот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Цвета, пак, штом ќе станеше од постела доаѓаше право кај мене, ќе легнеше до мене и ќе истераше уште еден сон.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тој бавно се будеше. Стана од миндерот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
– Тука Хорацио стана од клупата, се загледа кон ситната силуета на гусакот и почна: Ако имаш нешто неизречено, нешто што те притиска и пече, закопај го во длабока тишина, тишината сама ќе го рече...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Го остави чешелот и стана од тапацираното столче префрлајќи ги една преку друга полите од бањарката и врзувајќи го коланот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тогаш стана од местото со изговор да си ги побара цигарите.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Кога Сане ќе стане од ковчегот и ќе зачекори низ воздухот, кон своето успение, авторот ќе се запраша: „Му ги одврза ли Господ нозете на Санета од земјата, му ја пресече ли ортомата со која беше зајамчен за неа...“
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Така станаа од масата - Миха недојаден, таткото незадоволен, а мајката во недоумица.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Зуи внатре шармантниот шум на душата ја влече назад но таа по сѐ изгледа ќе стане од леглото и - по кој знае кој пат - ќе се врати во стварноста без лажна надеж.  За жал, добата на лесно самозаблудување за неа е далечно Минато.  Депресија: квечерина  Раз-сони се.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
- Значи татко ти денес почнува со работа? Ова прашање ја врати во реалноста, која пак ја потсети на недосонуваниот сон што утрово присилно ја стана од креветот.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Стана од креветот и извади едно ребро од радијаторот. Од него направи жена.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Таа стана од својата клупа. Денес таа не се чувствуваше удобно на клупата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„О, бое!“ рече Брчалото и мрзоволно стана од зелениот пластичен стол.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Само што заврши „Ерген одев” , Шлатас стана од масата и почна да држи епохален говор со лесна политичка конотација, погледнувајќи 30 пути у неговиот скупоцен саат.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Во тој момент заѕвони мобилката на Азра, таа се изви наназад за да го прекине повикот и да го исклучи телефонот, но не успеа, па мораше да стане од креветот, го зеде апаратот и со него отиде во купатилото.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Азра стана од столот, ја префрли преполнетата пепелница на соседната маса, а оттаму зеде празна.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ема се стресе, набрзина ги повлече рацете и стана од креветот. Беше подзината и нема.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)