стане (гл.) - против (предл.)

Една реченица, прочитана развлечено и со издолжени паузи меѓу зборовите, го истакнуваше интересниот факт дека луѓето што станале против законот се млади луѓе, скоро деца.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Господе боже, си велиме, и животните станале против луѓето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Таму постојано оперираме луѓе што станале против природните закони.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И ние, децата, уплашено го следевме разговорот. – Албанија го напушти Варшавскиот пакт! – дополни Татко. – Нашите станале против Русите?
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)