ги (зам.) - исхрани (гл.)

Нагонот го одржуваше дивиот род: волчицата се бореше да ги исхрани малите и да ѝ ги подари на шумата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Некои, пак, имаат мајки што, откако ги родиле, доброволно ги оставиле по домовите затоа што не можеле да ги исхрануваат, нечии родители прерано умреле, нечии виле тешки алкохоличари, или...
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Тие старици не им се потребни на никакви комитети за помош, никакво социјално не може да ги исхрани, затоа што социјалното не е институција што има пари.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК