ги (зам.) - привлече (гл.)

Кловнот трипати удира со дланки да ги привлече очите на гостите потоа вади од под огртачот кукла која ја движи долната вилица и ѝ поставува прашање. - Тони, да се напиеме нешто?
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ги привлекува витките, јадрооки девојки со скапи подароци: ѓердани, позлатени гривни, свила и чоја и така лесно, како пеперуги во оган паѓаат во неговата шепа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Оваа игра ги привлекува другите деца.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Каква е таа волшебна сила што ги привлекува луѓето?
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Тоа е огромна црква а вниманието ми ги привлече концертното изведување на „Миса Солемнис“ од Ф. Лист од хорот и оркестарот на Републиканската гарда, со кој диригираше познатиот париски диригент Жак Гримберг.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Итрите солунски трговци се надмудруваат, како да ги привлечат муштериите, и да им стуткаат стока во рацете, по „багателни“ цени.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И старите текстови и современите часописи имаат едно нешто заедничко - за да ги привлечат читателите, тие прво предизвикуваат емоционална реакција.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Киберпанкерски ориентираните дела на Брус Стерлинг (Bruce Sterling) „Шизматрикс” (Schizmatrix), „Острови во мрежата” (Islands in the Net); Пет Кадиган (Pat okno.mk | Margina #3 [1994] 51 Cadigan) - „Мозокчии” (Mind-players), „Убавиот си заминува” (Pretty Boy Crossover); и Xон Ширли (John Shirley) - „Замрачување на короната” (Eclipse Corona), ги привлекоа СФ приврзаниците.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Едноставно, жестоките и живи емоции на несвесниот детски ум беше тоа што неодоливо ги привлече.
„Маргина бр. 21“ (1995)
Повеќе отколку да информира во склад со историските критериуми, неговата намера е психички да ги привлече посетителите и од гледањето да направи прилика за соочување и освестување, ако не на сопствениот расизам, тогаш скоро сигурно за рамнодушноста кон драмата на другиот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Филозофите Жил Делез и Феликс Гатари ја истакнаа истата поента, додавајќи дека на овие домашни територии не треба да се гледа како на територии што произлегуваат од некој внатрешен нагон туку дека тие израснуваат од интеракцијата меѓу една нехиерархиска група на мозочни функции и експресивните квалитети на самите територијални ознаки, на пример, бојата на одредени лисја или стебла што некои птици ги користат за да ги привлечат женките, или музичките одлики на птичјите песни, или дури фецесот или урината намирисани со секрети од специјални жлезди.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Денет: Сметате ли дека публицитетот којшто ги придружува вашите изложби е она што ги привлекува луѓето да дојдат?
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Оти, она Ж, средето на клопчето, во себе ја има страста на жената; што е тоа што ги привлекува буквите да се подредат во зборови, а зборовите во мисли, ако не љубов, страст женска, привлечност на телата нивни?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
После, комшијата ми вели, црвенат боја ги привлекува.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Во нивните очи, црвениот дел од спектарот се прикажува како светлина и тоа ги привлекува.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Но, величајќи ја вербата наша не само пред нас туку и секаде каде што одиш – во Ерусалим, Антиохија, Кипар, Мала Азија, Ефес, ги привлече на нас злобните очи на нашите душмани!
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
-Злото ги привлекува силно – рече Еразмо.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Ладен и прецизен поглед на магнетизирано ги привлече фамозните батерии: првин едната, потем втората на сосема различен крај врз купот неуреднина, заедно со расклопениот управувач.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Меланхолијата на гравурата користи две нешта за спас од својата болка: зад неа е обесен талисман со облик на квадрат, во кој се впишани шеснаесет броја, и кој треба да ги привлече исцелителните моќи на Јупитер, кој може да ги надвладее оштетувачките моќи на Сатурн со кои се зголемува тагата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Македонија не е единствената што сака да ги привлече странските инвеститори.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Се плашеше песната да не излезе од куќата и да ги привлече задолжените соседи за мирот во нашиот реон.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ваквата ревносна посветеност на политичките и бизнис елити кон создавање на претприемничка клима која дополнително треба да ги привлече странските директни инвеститори е секако на линија со дводецениската заложба на сите досегашни влади во нивните обиди за беспоговорно прифаќање на диктираните механизми за економска 1 Карл Маркс, „Капиталот“, том I, стр. 134. 7 консолидација и конечно приближување до западниот стандард.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК