ги (зам.) - среди (гл.)

Почна полека да се прибира, да испитува околу себе, обидувајќи се да ги среди мислите.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се обидувам да ги средам во зборови невешто вдлабените букви.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Стрела! Што бара таа тука? - прошепна, правејќи обид да си ги среди мислите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ако сте решиле да разгледувате некој павилјон, на патот до него ве сопираат низа други интересности, и, така, додека дојдете до бараната цел, гледате дека денот веќе изминал зашто, како на филмска лента и со филмска брзина, пред вас неусетно се редат - од павилјон до павилјон - мали и големи впечатоци и со нив толку се заситувате па и не ви останува време за да ги средите.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Не, јас не сакам да бидам како мојот американски пријател Норман кој се заколна дека нема да го исчисти станот сѐ додека не ги среди порезните сметки, а од тогаш има веќе неколку месеци.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Овој “software-program collaborator”, којшто на разни сценаристи им помогна да си ги средат своите мисли, сега се прилагодува на потребите на гимназијалците, коишто прават писмена работа.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Секогаш кога ја прекинуваше работата за паузата за спиење, Винстон настојуваше да не остави на масата незавршена работа и секогаш кога ќе се довлечкаше назад, со залепени очи и сиот вкочанет, ја затекнуваше затрупана со нов куп книжни трубички што ја покриваа како снежен нанос, закопувајќи го говоропишувачот и претечувајќи на подот, така што негова прва задача беше да ги среди ролничките во колку толку уреден куп, за да си ослободи простор за работа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Го кажуваше тоа што би го кажал и тој, само да беше во состојба да си ги среди расфрланите мисли.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На тој начин , може да се рече, дека навистина располагав со доволно време за да ги средам до последен детаљ сите мои намери.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И беше со добар фат! Како да работела в болница, толку добро знаеше да ги среди раните“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во кусите периоди во кои едни војски доаѓаа а другите си одеа од неговиот град, се обиде да ги среди нерасчистените сметки, особено оние што се однесуваа на обврските кон Организацијата, по чија што задача токму пред војните се врати од планината во родниот Штип.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Состави поуверлива приказна. Пријатно. Те оставам да си ги средиш мислите.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Рада повторно застана за да ги среди мислите.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тој, сепак, бил скромен во своите барања: побарал само да му ги средат книгите, односно да го отворат просторот од вратата во собата до креветот и бањата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК