го (зам.) - жегне (гл.)

Кога татковиот укор ќе го жегне, тоа негово лице се залева во нечиста црвенина.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Нешто наеднаш го жегна, го прободе и го одзеде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А на коложег куршум го жегна Коле на Доневци.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Мислел дека ќе се смири, ќе се допокрие и ќе му се врати со морничавење на сонот, на кошмарот од кој веќе не можел да се ослободи ни буден, со воздишка од која студена молскавица ќе го жегне преку душникот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Слабините го жегнаа кога вратата зад него тропна.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Како да сакаше да каже нешто со тоа, како да беше тоа нема порака што ѝ го жегна срцето на Пелагија.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Гледајќи како се оддалечува Чана, а никако да ѝ се смали фигурата, Пелагија се прекори себе си за лошата мисла што ѝ го жегна срцето Не, не, нашата врска е посилна дури и од онаа што ме врзува со мојата Добра!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК