го (зам.) - планира (гл.)

И зошто навистина не ја силував Луција онаа ноќ? (Таа, всушност, лукава како и секоја жена, ме измами, ме надмудри, оти навреме се предаде: јас само сакав да ја силувам, да покажам извесна надмоќ над неа, како одговор на нејзината партиска декларираност; но таа тоа го сети и во клучниот момент се предаде, да ми го оневозможи тоа задоволство, затоа што Партијата, општеството, нацијата и семејството ја научиле дека е недостојно некој да те силува; така таа, со тоа што се предаде, најде алиби за силувањето, и сакаше скандалот што долго го планирав, да го претвори во регуларен сексуален однос; тука пак, јас киксирав, оти се исплашив од она нејзино ненадејно движење).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Токму така! Мојот татко си го планирал и државниот удар против себе.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Веќе го планира животот.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Но секогаш ќе постои борба против тие кои ни го планираат животот, борба за индивидуализмот против авторитативноста.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Додека го празнеа овалот пред себе, Јана се трудеше да го планира утрешниот и наредните два дена.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК