го (зам.) - привлече (гл.)

Знаев - Пенчо најмногу мислеше на неа и беше готов на сѐ за да го привлече нејзиното внимание.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Водоскокот им го привлече вниманието и како да заборавија каде се наоѓаат, почнаа да се задеваат и смејат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Наеднаш вниманието му го привлече нешто друго.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Не сакаше да се збуни, да ја издаде својата изненаденост, да биде уловен и од брат му, како што беше уловен од себе си во тоа ситно, мало, безначајно откритие. „Навистина, глупаво е да се сметам за зрнце песок, за отпор на твоите води.“ Неоскрнавената белина на новата превивка на неговата рака неодоливо го привлече погледот на брат му.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Гледај!... Бранко затрепери. Маѓепсано впи поглед во осветлените прозорци. Неодоливо го привлекоа тие.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Пригушено плачеше... брачни води осветлени прозорци Ѕвездите не го привлекоа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во овој дуќан, потонат во секојдневната тишина, сега може да го привлече интересот на минувачите и подозривоста на полицијата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Вниманието му го привлекоа тие нозе.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Вниманието му го привлекува еден том во кожена подврска.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Братчето на Благица е уште многу малечко: оваа зима наполни само три годинки, но сепак го привлекуваат разни книги, моливчиња, тетратки и боички.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Набргу предметот што му го привлече вниманието се најде во неговата рака. Го протри со прстите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Никаков необичен шум, никакво движење не го привлече неговото внимание.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Борејќи се така со снегот, го привлече необичното лаење на старецот Караман.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Грмежите в село го привлекоа јузбашијата што беше во гробиштата, па гледајки дека од неговиот „фронт" бунтовниците отстапија, го собра аскерот и му притрча во помош на Расимчауш.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но, наеднаш среде тој вриеж од луѓе, вниманието го привлекува продавачот на змии, што ги носи под кошулата, ги гали, ги вади, ги пушта, па оваа морничава глетка конечно може да го натера човека да побара посвеж воздух надвор од "Капали чарши".
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
ВО ЕДНО неделно мајско попладне кога сиот Париз беше огреан во сонце, и кога по Сена се влечеа хидроглисери, начичкани со патници и туристи, на кружни патувања околу Париз, и кога на ѕидиштата на оваа голема и прочуена париска река на самиот дофат на „Нотр Дам“, имаше најмногу продавачи на стари книги, геграфски карти, уметнички репродукции, пред една пристара црквичка на „Сен Мишел“, токму во овие кривулести и тесни стари париски улички, кои тоа попладне беа преполнети со шетачи и туристи, вниманието ми го привлече една поголема група млади луѓе собрани пред црквата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Французинот, оно со трговски дух, прави сè да го привлече вниманието на кпувачот преку неонските реклами и преку сите други пропагандни ефекти.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се сомневам дека таа идеја ќе може да ја потисне бугарската ако остане само како чисто и голо спротивставување па затоа српската идеја би имала голема полза од еден свој сојузник кој би бил остро спротивставен на бугаризмот и кој би содржел во себе елементи што ќе можат да го привлечат народот и кои ќе му бидат блиски на неговите чувства, и кои ќе го отцепат од бугаризмот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Едниот дел на таванот беше подреден со книги од татко му и предмети што преостанаа од лабораторијата, масиче за читање и пишување, троножно столче, сламена постела за лежење, фенерче обесено на гредата, чоколадни сликичиња на глумци закачени со патенти по гредичињата, големо огледало од подот до покривот, потпрено до еден дирек, кое најмногу и го привлече вниманието на Злата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Штом ја виде веднаш го привлече.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Одеднаш, вниманието ми го привлече некаде веќе видена и позната фотографија на жена со дете во рацете.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ова сознание малку ме вознемири. си спомнав на тоа што татко ми ми објасни дека момчињата во пубертет се поулави од другите, дека сакаат да се прават важни и неустрашиви и дека се наклонети на непредвидливи нешта, само и само да го привлечат вниманието на околината врз себе.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Едната од нив веднаш ми го привлече вниманието.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
продавачите на железарија ја растуриле сермијата крај патот (маши, пирустии, кации, потковки, секири, српови, коси, сорови, синџири, тепсии, ибрици, ѓумчиња, аванчиња, легени, кантари, саанови, котли, ѓезвиња, кандила, фенери) и тропаат со ѕвонци за да го привлечат вниманието на луѓето;
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Таа ги навали очите и почна да му раскажува како пред три дена тој дошол да ѝ држи епитимија, таа лежела гола во постелата; тој се наведнал да ја покрие со веленцето, а таа се поткренала, го фатила со рацете за вратот и го привлекла кон себе; тој почнал да се трга, да се напиња, да се исправа, но нејзиното тргање било посилно и тој клекнал на колена крај неа, а потоа се наведнал над неа допирајќи ѝ ги градите со брадата; таа од влакната почувствувала скокот и возбудливи трпки по кожата и уште посилно го привлекла влечејќи му ја главата кон своето лице.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Влезе во келијата како и другпат да ѝ држи епитимија на Смилјанка; таа лежеше гола на постелата; кога ѝ пријде и кога го зеде веленцето да ја покрие, таа се покрена, го фати за рацете за вратот и го повлече кон себе; тој почна да се трга, да се опира, да се исправа, но нејзиното тргање беше посилно и тој клекна на колена крај неа, а потоа се наведна над неа допирајќи ѝ ги градите со брадата; таа од влакната почувствува скокот и возбудливи трпки по кожата и уште посилно го привлече влечејќи му ја главата кон своето лице.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Итрина да стане што подопадлива: итрина да му го привлече вниманието на мажот; итрина да го наведе секогаш будалиот маж да ѝ се обрати; итрина да му помогне кога и каде да се најдат; итрина заеднички да се ослободуваат од срамот што еден пред друг се соблекуваат...
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Од татковите книги за Калето, Чанга најмногу го привлекоа патописите на Евлија Челебија од периодот на Отоманската империја.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сето ова како последица на една (кобајаги) иконокластичка постапка и на една (привидно) нечиста шега, го карактеризира L. H. O. O. Q. како парадигма за Duchamp-овите методи и начин на размислување. Apolinere Една година по доаѓањето во Њујорк, 1916, интересот на Duchamp го привлече една обична реклама од картон и обоен лим за емајлот на фирмата Sapolin.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
На другиот крај од големата маса во одвратната чајџилница Филонус, тивко ги разменуваа што религиозните што садистичките што метафизичките што мајчински искуства, следниве три личности: младата госпожа Ана, инаку позната како сопруга на човекот што катедрата за логика ја замени со кафанска маса на која стојат мистериозните кибритчиња и лактовите на народнот мудрец Неџо; госпожицата Буде вообичаено - спрема правилата на тајната организација „Црна Ружа“, така суптилно провалени од инаку најглупавиот балкански весник „Вечер“ - облечена во нејзе милите папски бои: љиљакова, портокалова и бела („синестезии, нелогичности!“, се слушаше врескање од соседниот крај на масата) и со специјална ловачка капа на главата на чиј што врв (на капата), провокативно искривено, трепереше зелено масонско перо, ко ветроказ; додека човекот што токму зборува - и чиј што истоштен, од премногу експерименти со нејадење и неспиење, глас, го привлече вниманието на г. Абов - се одзиваше на името „Никола, врти кола!”, или скратено Никола Вртикола.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Целта на оваа вежба е да ја развие техниката која веднаш ќе го привлече читателот кон следниот параграф и ќе предизвика во него желба да тргне понатаму, бидејќи го приврзавме неговото внимание кон овој параграф, токму поради неговата занимливост.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во овој период стилот драматично ѝ се менува, со внесување на елементи од Надреализмот, и што 112 Margina #4-5 [1994] | okno.mk набргу ќе го привлече вниманието на Анри Бретон. (10) Покрај скулптури Мартинс исто така правела и накит, кој како и некои нејзини вајарски дела, содржи органски форми обликувани во експресивен манир.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Неговата ревност полека попушта кога одеднаш нешто во купот му го привлече вниманието.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ги крева Богдан очите од сликата и погледнува на часовникот на ѕидот; времето не го интересира; го привлекува неговото чукање што ја разбива тишината.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Се плашам дека токму оваа соба пак ќе го привлече.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Токму кон “Рускиот театар” го привлече Набоков И. Фондамински, и на 4-и март 1938 година во салата на весникот “Журнал”, се одржува премиерата на драмата на Набоков “Собитие” (“Настан”).
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Технологијата го привлекува вниманието на нов начин.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Сликите имаат засенчена текстура и светлосна радиозност што го привлекува окото.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во тој поглед стариот бит-автор може да се смета за креатор на имињата на овој музички правец. Bur- roughs самиот пишувал за рок магазинот Crawdaddy и не случајно на тој начин го привлекол вниманието на панк-заедницата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Поголем број на деца немаат пристап до медиите и не можат да го привлечат националното внимание, но сигурен сум дека тоа се случува многу почесто отколку што сум свесен. ?
„МАРГИНА 22“ (1995)
Во следните неколку месеци продадовме околу 20,000 копии што го привлече вниманието на „Пантеон Букс” во Њујорк и на иницијатива на Арт Спигелман, моите работи беа презентирани на издавачите.
„МАРГИНА 22“ (1995)
Во голем број случаи, тоа претпоставува дури и поголема интелектуална храброст: јавните скандали го привлекуваат вниманието на медиумите, но обновата на марксизмот може единствено да предизвика потполно недоразбирање и осаменост.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Очигледната способност на Холандовите симулации да ја одразат природата го привлекла интересот на една мала група на економисти, вклучувајќи го Брајан Артур од Универзитетот во Станфорд и нобеловиот лауреат Кенет Ароу кои веруваат дека економиите можат исто така да бидат разгледувани како сложени адаптивни системи.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
“Системите кои го привлекуваат вниманието не се во термодинамичка рамнотежа - тие имаат метаболизам, апсорбираат енергија од некој надворешен извор и го отфрлаат она што не им е потребно.”
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
За улиците на Даблин Џојс говорел дека го привлекуваат повеќе од сите тајни на вселената.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Весел на тоа место го привлече групата граѓани што се беше насобрала под мостот, видно вознемирена.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Не поретко тој нѐ импресионира со својата техничка виртуозност и го привлекува нашето интересирање со своите иновативни експерименти што ја возбудуваат публиката, навредувајќи нѐ со својата безгрижна незаинтересираност за светоста на уметноста и за митската фигура на уметникот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Само Васо Паша го привлекол вниманието на основачите на музејот со познатиот цитат: „Разбудете се Албанци од долговечниот сон, стане­те браќа и во една беса обединете се, оставете цркви и џамии зашто верата на Албанците е албанството!“
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ова го привлече вниманието на печатот, а изјавата на сведокот Геурт Имансе јасно укажа на фактот дека Бренер е еден од најважните уметници.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Веќе со својот прв роман, Потеклото на брунистите (1966), Кувер го привлекол вниманието на ктитиката и ја добил наградата “Вилијам Фокнер”.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
По подолга тишина, тој самиот почна да зборува за своите доживувања во Југославија, за местата низ коишто минавме, за тоа дека сето видено на некој чуден начин го привлекува, дека секако, под други околности, мора да се врати и дека сето тоа, местата и луѓето, е занимливо, дури убаво, но некако unheimlich.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Вниманието ми го привлече минувачот кој ни доаѓаше во пресрет.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Но, кога јас ги употребував цвеќињата, оригиналната фотографија беше огромна, а јас употребив само еден мал дел од неа и го зголемив. DD ПТ: Што најчесто ви го привлекува вниманието? DD ЕВ: Добар излог...
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Моето внимание го привлече фактот што многу фабрики во Република Македонија што произведуваат стока за широка потрошувачка, денес фактички се „производители” и на импозантни количини на шкарт.
„Маргина бр. 36“ (1997)
Марша го привлече кон себе и го бакнуваше, велејќи му: - Знаев јас дека ти си хуман човек. Дека имаш добро срце.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Да му угоди. Да го привлече, повеќе да остане. Почесто да доаѓа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Го прегрна со моќната рака околу рамењата, го привлече кон себе, баздејќи му на пиво и повраќаници. праша таа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Потоа го привлече говорпишувачот и издиктира една порака на хибридниот жаргон на министерствата:
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Си ги поднамести очилата на носот, воздивна и го привлече следното купче хартија кон себе, со она ливче најгоре. Го исправи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се врати назад во својот бокс, седна, го фрли парчето хартија немарно меѓу другите хартии на масата, ги стави очилата и го привлече говорпишувачот кон себе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Винстон размисли малку, потоа го привлече говорпишувачот и почна да диктира во познатиот стил на Големиот Брат: стил истовремено војнички и педантен и, поради навиката да поставува прашања и веднаш да одговара на нив „ Каква поука, другари, можеме да извлечеме од овој факт ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Меѓу останатите информации една посебно го привлекла вниманието на Меклин.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Целта на Бригадата била со офанзивни дејства во правец на Кавадарци-Демир Капија да го привлече врз себе вниманието на бугарскиот окупатор со цел да го овозможи пробивањето на Првата македонско-косовска ударна бригада во Централна Македонија и истовремено на 3-та група баталјони низ Источна Македонија. 119 PRO WO 202/406. 120 Апостолски. 121 Се однесува на баталјонот “Христо Ботев“. 122 Баталјонот “Стеван Наумов“ е формиран на 11 ноември 1943 година во околината на Лерин од делови на Битолскиот НОПО “Гоце Делчев и Преспанско-охридскиот НОПО “Даме Груев“. 123 Третата група баталјони со Главниот Штаб на Македонија, ЦК КПМ и делегатот на Врховниот штаб, според утврдениот план на 31 јануари 1944 година се упати од селото Зборско кон Вардар.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
- Втората македонска ударна бригада требало да тргне на 31 јануари од реонот на с. Зборско со задача да дејствува во Тиквеш и реонот на Гевгелија со цел да го привлече вниманието на бугарскиот окупатор за да го олесни пробивањето на Првата македонска-ударна бригада во Централна Македонија и истовремено на третата група баталјони низ Источна Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Човека го привлекуваат необичните појави.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Го привлече блокот со зелена хартија кон себе (Таа не му даде отпор...), го смести пред себе (Ја легна женската!...) и го отвори (И влезе меѓу нозете...) кревајќи го капакот и внимателно подвиткувајќи го да стои легнат на масата на спротивната страна. (Добро, си рече, сега ова да го наречеме (Ѝ ги крена нозете!...).
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Еден-два часа потоа нови грмежи ми го привлекоа внимание и видов нови десетина мечки - австриска ескадрила.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Мала група, но доста голема за да го привлече вниманието на турската полиција со своето безделничење во Солун.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Се раскокодакаа петлите гласно, врескаво и го привлекоа вниманието на околните кучувачи.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Најпрвин окото ми го привлече еден наперлен петел качен врз кафезот за петли како фирма, како ретка привлекателност за купувачите.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Еден ден погледот на Сликарот му го привлече големо старинско огледало исправено во аголот на собата, со раскошна рамка од абонос.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Но сега го привлече група пилиштарци, која на дива полјанка кошкаше топка на еден гол.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Во миговите кога ја дочитував збирката песни на еден провансалски поет, запомнувајќи ги стиховите – во Арл кога сенката поруменува, под ружите и свети времето, внимавај на благоста околу тебе – вниманието ми го привлече текстот „Папата Јован Павле II ја осветува Катедралата во Скадар”, во отворениот дневник Ле Монд, од 23 април 1993 година.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Бездруго невидливите радијации емитувани од книgите на вашиот татко го привлекле овој преведувач чиј мозок крие длабоки бразди.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Како магнетот што го привлекува железото – рече старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Повикот на природата е главна влечна сила што неуморно го привлекува човекот кон единството на природата.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Тунелот го привлече, понесувајќи го со својата магнетна моќ: надвор од времето во коешто живееше: надвор од просторот, каде што физички се стремеше со своето тело.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Бојата на гласот се измени и стана обмислена и игриво сериозна, како кога актерите сакаат да го привлечат вниманието на сосема незаинтересирана публика.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Енергично листав сѐ дури вниманието не ми го привлече спасоносно, следната сомнителна реченица: „Повеќето луѓе се способни да го исклучат протокот на стимулации кои доаѓаат од околината, но оние со ниска латентна инхибиција не можат, што резултира со психози, превисоко ниво на креативност или и двете.“
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Пред да заминам или почнам да врескам барајќи виновник за пациентското гето, вниманието ми го привлече ситен натпис на вратата од уредот: Лекарска читална.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Тоа било повод тој да стане познат во Америка и неговото дело да го привлече вниманието на пошироката американска јавност.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Во овој весник тој објавил повеќе написи и за имигрантите во Чикаго и со тоа го привлекол вниманието на американската јавност.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Трагајќи, се изгубивме меѓу зградите. Со раце покажуваме де на едната, де на другата страна, со што го привлековме вниманието на минувачите.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Засега бункерите никому не пречат, но несакана врз себе го привлекуваат окото на патникот и будат многу прашања.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Нашето гласно смеење го привлече вниманието на патниците кои чекаа во редица.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Но пред да ја забележам Бојка вниманието ми го привлече едно необично лице што никогаш порано го немав сретнато.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Притоа веднаш да признаам, откачениот пластичен украс што ми служи место рачка, овој пат ми го привлече сето внимание. Украсите служат како рачки!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Всушност вниманието му го привлече необичниот наслов во еден од весниците "Панаѓур на богатите и среќните".
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
А малку потоа посака да рече дека само своите знаат да те суредат така што никогаш повеќе да не се разбудиш; но во тој момент вниманието му го привлече белутракот во калдрмата и веднаш оцени оти по десетото зрно, што веќе длабеше во него, ќе удри на белиот камен токму со челото. ___ * блуза **чета
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Чиниш ништо друго не можеше да му го привлече вниманието.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Го отвори барот во кој автоматски се палеше светлото што треба да го привлече вниманието, почна да ги нуди гостите со сите можни пијалаци.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
 5 Но, ако се има на ум дека барањата на македонските пауперизи- рани работници од средната и ниска класа [пролетери/надничари/ платеници/аргати] очигледно, не го привлекуваат вниманието на правниците во поголем број – прилично површното трети- рање на овој, закоравен и дехуманизиран, правен сегмент и не е нешто толку необично, што би требало посебно да нè зачудува, барем во македонски прилики.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Многу сакаше да присуствува на нашите журки по повод роденденските прослави и многу често му успеваше да го привлече вниманието на присутните и тогаш немаше спас.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Сѐ почна без врска, а не ни знам што вистински ми го привлече вниманието кон неговото пакосно присуство.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Тоа го правеше да ми го привлече вниманието, кога ќе престанев да ѝ обрнувам внимание.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Тој и самиот истакнал дека лично не е запознаен со мислењето на Американската влада во однос на НОД и Тито, но потенцирал дека Јосип Броз Тито "го привлече вниманието на Британската влада", поради што САД би требало јавно да истакнат: "Тито, ти направи добра работа, и ние сме за тебе", што од своја страна, сметал Ла Гвардија, би помогнало многу на патот кон признавањето на НОВ и ПО на Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Од причини што настаните на Балканот во текот на целата 1943 година се нашле во средиштето на интересот на американскиот печат и го привлекле вниманието на американската јавност, уредниците на месечното илиустрирано списание "Слободен свет" (Free World), кое било застапник на демократијата, на своите страници отстапило посебно место за разјаснување на новите револуционерни тенденции што се појавиле во одделни земји со започнувањето на Втората светска војна.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
По Првата светска војна зачестените судири во врска на статусот на Македонците во делот на Македонија во рамките на Србија, делот на Македнија во рамките на Бугарија и делот на Македонија во рамките на Грција го привлекле вниманието на американските службеници во легациите во Бугарија, Грција и во Кралството на СХС.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
10 За САД, македонското прашање влегувало во рамките на т.н. балканизам. 11 Појавата на ВМРО и Врховниот македонски комитет во голем дел не го привлекла вниманието на дипломатите на САД, бидејќи само неколку службеници работеле на Балканот и тајната природа на движењето останало надвор од очите на Американците, кои биле фокусирани на економските работи, пред сѐ во пристаништата на Османлиската Империја.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Вниманието на критиката и на пошироката читателска публика го привлекол веќе со својот втор роман И не рече ниту еден збор (1953).
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Понатаму: сте забележале ли кои улични знаци, над вратите од продавниците, најмногу го привлекуваат вниманието?“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Токму трпезите беа местата каде што двете домаќинки се обидуваа да го привлечат Томо на своја страна, или да му го перат мозокот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Типот, всушност, успеваше да го привлече централното внимание затоа што беше искусен заводник, за мене малку излитена фраза.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Му одговорив потврдно. Знаев дека го одбра вистинскиот начин да ми го привлече вниманието и сето тоа ми го чукна умот, во еден многу краток момент.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
При своето последно патување во Париз, купувајќи порачани и други книги за јаничарството за Татко, нему во еден музички магазин вниманието му го привлече една грамофонска плоча со композициите на Турскиот марш од Моцарт, финалето на славната IX симфонија на Бетовен, Воената симфонија број 10 од Хајден.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски како да сакаше со овој проект да го привлече вниманието на властите кои ја продолжуваа традицијата на искоренувањето на османското и турското од балканските војни, во текот на целиот XX век, но, секако, дека тој си имаше свои различни аргументи кои сакаше да ги сподели со Татко, когошто го сметаше за голем авторитет по ова прашање.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Јуришот во центарот - источниот дел на фронтот, треба да го привлече вниманието на командата на ДАГ.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)