се (зам.) - среди (гл.)

Требаше да се смете внатре во колибата, да се средат расфрланите работи, да се донесе вода, да се измијат паниците, лажиците, требаше да се истресат и чергите, кои дедо му од есента сигурно не ги имаше изнесено надвор.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Секако, палењето на огнот утрово не му беше најважна работа, ниту грижата за својот појадок, но по синоќешното возбудување, по претрпениот страв, му беше потребно смирување, а чувствуваше дека обичното, веќе постојано започнување на денот е најдобар начин да се смири, да се среди.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Најпосле, „дортмунтскиот“ од Атина пристигна. Настана трчање и општа раздвиженост на перонот и - наеднаш сѐ се среди.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
После малку се среди: Англичаните и Французите пак почнаа редовно да нѐ снабдуваат. А имаше и од кај да се купи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Можеби една партија билијар? Подобро прво да се средиш малку.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Пред средствата за смирување, електрошоковите и лоботомиите, третината од сите оние што доживеале нервен слом и со дијагностицирана психоза биле примени во болница, покажуваше тенденција потполно да се среди и да излезат за три месеци, и тоа без било каков третман, којшто денес по правило се дава веднаш по приемот.
„Маргина бр. 21“ (1995)
Си! ... си! ... Уште малку... Ми! ми! ... Ре! Сѐ може да се среди! ... Па „arpeggio“ на лево! ... Па десната која се орасположува... Си диез! ... По ѓаволите!
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Каква нискост! Убиецот се мотка под нашите прозорци, а дебелиот адвокат ме советува да се средам.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Тој на сите им помогна да се средат, раскажувајќи еден шеговит настан што неодамна го прочитал во весник.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ете така и мајка ми „не беше тука“. Мислев дека ќе можам да ја натерам да ми раскажува за Индија, но таа отсечно одби: - Знаеш и самата – рече – кога се враќам од кој било пат, првите денови не можам ништо да раскажувам, уште впечатоците не ми се средени, и ми треба време да се снајдам дома.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тој знаеше дека ако вистински се заложи, не со пушки, не со бугарски тенкови, туку со упорна агитација, ситуацијата може да се среди.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Се средив во бањата, со надеж дека ако повторно го видам барем нема да се ужасне од мене со бушавата коса и крвта околу горната усна.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Трпение спасение не рекле бадијала. Све ќе се среди.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Јас, будала, се средив, се намирисав и се враќам во постела, а тој, како да ми е брат, спие!”, се јави сопругата негова, а цариничката слатко се изнасмеа и, пак погледнувајќи нагоре, викна: „Стави во тавчето зејтин, не штеди!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК