андерграунд (имн.) - сцена (имн.)

Кој ги слушнал Каљостро и Кракатау - доста му е, кој не слушал - не пропуштил кој знае што (плус може да ги чита овие палимпсести, или фалсификати, ако повеќе љубите), но емисијава ќе остане така да лута низ етерот ко некој чуден документ за една мала, кревка андерграунд сцена, во еден “толку мал град што и глувците таму се чувствуваат стеснето”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Нашите пријатели од андерграунд сцената беа чести гости во емисијата. Едноставно се заебававме.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Многу луѓе се приклучија во подоцнежните фази од проектот, луѓе релевантни за андерграунд сцената но и претставници на етаблираната уметничка сцена.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Доколку Маклабас биде успешно финализиран (завршена постпродукцијата и пренесен на филмска лента) тоа ќе биде фантастичен подвиг на Скопската уметничка андерграунд сцена и голем уметнички документ за активноста на сите овие битни за современата македонска култура луѓе.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)