збор (имн.) - извлече (гл.)

Смислата на победите или поразите во нивните битки со зборовите ветерници не можеше никој да ја разбере, а често и тие самите не ја разбираа, но ги крепеше надежта дека следи секогаш другиот ден, новиот збор извлечен од темнината на минатото во светлината на новиот ден...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На Камилски, внимателно следен од Татко, колку и да настојуваше да биде лапидарен во изборот на заемките за османскотурската гастрономија, како што ја именуваше претходно самиот, му преостануваа уште многу, многу зборови извлечени од речниците, книгите, народните кажувања, кои ги забележуваше во своите големи патувања во земјата со еден стар германски магнетофон, купен на старо на скопскиот Бит-пазар.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)