око (имн.) - и (чест.)

Штом една таква илузија поминува пред владите на големите сили за факт, тогаш е јасно оти при решавањето на македонското прашање треба да се имаат пред очи и барањата на српската влада.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тоа беше нешто, што требаше да остане скриено пред очите и на најслабиот од неговото ненаситно племе; тоа си остануваше беспрекословен и јасен еден само нивен закон.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Остануваше сѐ уште под неговото дрво, со исправена муцка, потсветнуваа матно и неговите очи и неговите секачи но молчеше, долепен до земјата и чиниш не дише.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И играњето на окото и јадењето на носот и губењето на карти.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пред Арсо Арнаутче се отворала со омајност златна и сина и сочна синоличка, и тој, од името на својата машкост што му била дадена од господа, можел само да се наведне под пролетна месечина и со жед на пустински камилар да срка пелур, потоа пијан од цветно вино да се закопа со чело во треви и да ѝ ги шепоти на земјата тајните на љубовта; во тој миг можел да биде уверен дека од земјата ќе шурне сребрена вода со чии капки светот ќе си ги излекува и очите и срцата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Чувствуваше како некој одвнатре му го зграпчува окото и тоа, како полжав, се повлекува и се измолкнува.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Стравот има поголеми очи и од смртта.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК