око (имн.) - не (чест.)

МИТРЕ: Не знам што сакам, (ја зема главата во обете раце) главата ми е како бутин! (Седнува на големиот куфер, покрај малото, и очите не ги тргнува од него).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
И пак ни окото не му трепна што лаже.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Се обиде на грб, на мев, — ничкум, ама сѐ некако очите не му се заклопуваа.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
И кога влезе во земникот, дамла ќе го удреше: која ли е оваа самовила од гора зелена?! Гледа Илко и на очите не им верува.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
— Море, сто рала гаќи да носат такви како Крстета Попов, окото не ми трепнуа, ќе и согаза како нишчо! — се фали Неда и се мисли: — „Оти волку и сакам, и неќу за него да се прикажуа?
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Моите очи не се мои очи (моите очи, очи за далечина).
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Тој гледа во прореденото теме на кловнот и не се чуди; кога е тој наведнат, капакот на зелениковото око не се спушта.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Но грозницата почнуваше и ранетиот го гледаше со смрзнати очи не разбирајќи ништо.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Од неговите очи не гледаше веќе бик туку покорен и итар пес.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Очите не гледаат зачудено; мртви се, не препознаваат ништо - ни секојдневие ни визии.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ја пикна во устата и јадеше цел грст, а во неговите очи не стоеше сега ништо друго освен таа лакомост, додека грутките земја се стркалуваа низ гробот и удираа, одекнувајќи тупо во чамовите штици на сандакот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Трајче слушаше дека имало во Караорман партизани, но со очи не беше видел ниеден партизан.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Одат и очи не можеш да им видиш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А лицето без очи не го познаваш, не знаеш што ти мисли.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ако си го гледаш окото не си ја гледаш брадата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога ми го зедоа човекот цела ноќ не мигнав. Око со око не можам да ставам, да склопам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ама оттогаш комитите- комити ли беа, арамии ли беа - очиве не ми ги видоа. Како да потонаа, да ги лапна земјата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мене очиве ми капат од срам. Не знам кај да гледам. А и нему очите не му се за гледање. Му излегле ко пукала, надвор ќе му испаднат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ама, очите не можат сè да скријат, те предаваат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во зборот можеш нешто да закриеш, но во очите не можеш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нè фатило некаде ноќ среде шума, прст пред око не се гледа, што се вели, мислиш си ослепел, а тој ми вели да се фатам за опашката од коњот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ги тријам очите, што се вели, и на своите очи не им верувам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Вистина е, вели Жења, око не ѝ трепнува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од неговите очи не гледаше веќе бик туку покорен и итар пес.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
А и ние знаевме, таа око не склопуваше додека зрачеше жолтата ламба од татковата соба.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Око не склопил, помисли таа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ноќта око не склопивме. Чекавме да дојдат по татко ми и постарите браќа. Но никој не дојде.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Му зборува за ангели, за херувими, за светци, за дарежливоста и љубовта божја; му зборува за чудесиите небесни што око не ги видело, уво не ги чуло, умот не ги допрел; му зборува за да му се замили новиот живот, што го чека...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Очите не можеше да ги истави од него...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Но, око не склопив… В мугри појдов кон блиската македонско-албанска граница. Караулата беше на неколку стотини метри.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Кажи ѝ Семјоне", вели таа и се свртува кон него со кренати пердиња се до половината, око не ѝ трепнува.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Кога му се приближи, се гледаа долго во очите не можејќи да кажат ниту збор.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Цела ноќ се превртував и станав доцна, а око не склопив.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Златен Свети Никола, спаси нѐ!“ - ја слушам Лилјана како се моли додека скокам без чевли на нозете и без падобран, а прст пред око не се гледа.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
ТЕМНИЦА СЕ СРУШИ ВО МОИТЕ ОЧИ не гледам но видов во аголот на нашите средби капки солзи ко бисери бели а во нив две срца со аморни стрели и двајцата заљубени бевме...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК