пламен (имн.) - и (сврз.)

Огнот се вивнал и пушта златни пламени и искри и на Доста ѝ се претвораат во безброј ѕвезди што ја осветлуваат куќата за подобро да може да ја види нејзината искра, од која има да пламне силен оган во нејзината згасната душа.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Од топчето се крена мал син пламен и - се разнесе грмеж.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Доксим Тренчески се поистава од огнот и само прифрла дрва. Огнот ги усукува чадот и пламенот и папоти.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кукулино, пред тоа, преку ден, старо и истоштено пциште без живот и инстинкт да се одржи, сега е ѕвер што блуе од себе пламен и закана за набожниците.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
- Направи пауза отец Иларион и продолжи: - Душата е корен во човекот; како што од коренот на дрвото се храни стеблото, гранките, лисјата, плодовите - така од неа се храни телото, видот, слухот, говорот, волјата, свеста и сè што човекот има; таа е извор од каде сѐ почнува и сѐ враќа; огледало севидливо; владател и роб; таа е целина како сонцето; сеопшта суштина; сила што обновува како соковите што го обновуваат сувото стебло давајќи му нови израстоци; таа е бунар во кој водата е матна или бистра, мирна или замрешкана; светлост затворена во пештера од крв и месо; зрачи, или потемнува; пламен и пепел; камен гранитен или прашинка; оган кој дур е под контрола е благодет, а потоа пустошник; какво тело носи, таков лик има; со менување на телото, и ликот си го менува; по неа се чита и открива човекот; често е читлива, а често загадочна; некогаш ти допушта да ѝ се вдлабиш и да ја видиш, а некогаш за миг ќе те заслепи како поглед во сонце; некогаш е живо железо што тече, поток без форма; кораб на отворено море; пространство огромно, но и теснец затворен во тајните свои; нѐ држи цврсто како градба, верно нѐ придружува, но не знаеш во кој миг ќе нѐ изневери...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Никој не појде по ветки да го засилиме пламенот и да се згрееме, сите сакаа да бидат поблизу до последното трепетење на пламенот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ја најде пурата на Ризо и ја запали; лицето ѝ трепереше на светлината од пламенот и имаше нешто во нејзините очи што можеби беше ужасувачко и задоцнето сознание дека она што го засега овој особен орач беше подлабоко од сезонските промени или сомнителната плодност, особено откако претходно сфати дека нејзината моќ на давање не вклучува ништо над или под следниов список на предмети: ножици, сатови, ножови, ленти, врвци; и затоа кон неа го имаше истото она сочувство како кон хероините на секси-романчињата, или кон исончаните но импотентни ранчери-позитивци од вестерните.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Ја наведнав главата. Бев дете фатено со списание разголени фотографии, но на тие фотографии, беше моето сопствено тело, ишарано од пламењата и лепливо од јазиците на непознати дебели полицајци.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Не знам дали знаете, ама ако не знаете ќе ви кажам дека вистинското турско кафе не се вари на оган и на пламен и ниту на плоча загревана со електрика, туку само на спуза.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Вискито му мина низ целото тело како пламен и му ја разгоре желбата за одмазда.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК