ѓавол (имн.) - да (сврз.)

— „И така чини, и така чини", — си велеше Доста, „само чупето да ми се откаче од ноа кучило поповото, кај го најде ѓаволот да го трате".
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Вели и татко му не е противен, па ѓаволот да го знае.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
- Што ќе му се, ѓавол да го земе! ... - За инает.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Ќе одиш и ѓаволи да играат, велам, да знам и ѓаволи да играат околу чешма, ќе одиш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Барем сега, додека ќе ги сонува оние несреќници од Костурницана, да не му дозволиме на ѓаволот да му приоѓа!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А што било тоа? Ѓавол да го земе, што било? Ете тоа било. Големо, во картонска кутија.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Никој немаше, како пустиот ѓавол да владееше со градот.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ама ѓавол да ги носи овие со деколтеата до брадавица, како некрунисаната кралица Мадам Помпадур (љубовницата на Луј 16) што по Скопје се шетаат.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК