во (предл.) - среден (прид.)

Што има бидено во средните векови, зошто да не може да биде и сега?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Значи, во сегашните политички околности има не помалку основа за загубување на Македонија од страна на Бугарите, отколку основата за нивната загуба на денешна Србија во средните векови.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
По извесно време влегоа кај кадијата двајца луѓе во средна возраст, богато, но по каурски облечени.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Подолго подзастанав пред еден споменик на кој имаше слика не само на кучето Лулу, туку покрај него беше и заедничката слика на една брачна двојка во средни години, веројатно без деца.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во 1348 година Карло Четврти го основал првиот универзитет во Средна Европа... Ете и тоа е Прага...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Не сме во Среден Век, па да тргува со тебе! Се прививаш: Мора да биде така. ***
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Кога заврши училишната година и кога учениците започнаа д се запишуваат во средни училишта Дарко и Лорета решија да се запишат во исто училиште.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Или пак дека како дете бил фасциниран од идеите во физиката и математиката; во средно школо и на факултет ги следел своите научнички и лингвистички интереси и му се развиваат и уметнички амбиции; ја открива својата длабока љубов кон многу композитори, особено кон Бах и Шопен.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Тој тип на диференцијација во средната класа, предизвикана од повисоката свест што некогаш беше елитистичка одлика, доведе до формирањето на митовите на Етикетата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Некои иконокластички теми датираат уште од античкиот период и од теолошките битки во средниот век, но Гамбони го анализира модерниот период кој започнува со невообичаено моќниот пример на Bilderstrum: Француската револуција.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во овој музички променлив свет Јапонија се наоѓа во средна позиција, во не помала мерка од било која друга земја.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Според денешните мерила, дури и Католичката црква во Средниот век беше толерантна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во Средниот век постоеше Инквизиција. Таа беше неуспешна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во средниот ред, најназад - Бургошки Бранислав, незаинтересиран за предметите, туку за некакви романи што ги чита скришум и на час.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Притоа тој посебно се осврнал на опасноста која им се заканувала на народите на Југославија олицетворена во „шовинистичко- сепаратистичките тенденции што се покажувале во разните делови на нашата земја“, а со една единствена цел да се ослаби „една моќна, една голема Југославија која била важен фактор на Балканот, во Средна Европа, која би била заштитник на славјанството на Балканот која би била моќна пречка на секој империјалистички чекор на Балканот“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Најпосле му застана некое „ауди“. Го возеше некоја жена во средни години.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Можеби најзначајната причина постарите браќа да се определат да учат во средни стручни училишта беше можноста тие што побргу да завршат и да најдат работа, за да им овозможат и на другите помали браќа и на сестра­та да се школуваат.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Животни стории за судбините на луѓето, моите поблиски и подалечни роднини од кои речиси никого не познавав, но и на некои други личности од романот на минатото, архивирано и сега поттикнато од сликите и оживеано како во некоја чудесна кинотека на животот, со ликовите што, ете, влегле во малата семејна вечност на нашиот фотографски албум.  Сега, кога и самиот завлегувам во средното доба, фотографиите ги сакам и на еден друг начин.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Деспотот Оливер ја држел територијата во средниот тек на р.Брегалница со Злетово, Моровизд и Пијанец.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Од самопослугата излезе маж во средни години облечен во службена униформа на фирмата и се упати кон нас.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Потоа се редеа во средните и високите школи во Корча, Елбасан и Тирана.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Тоа дете, имаше многу лоша среќа, мајка му почина таму во Австралија ... едвај успеав да го донесам овде, колку-толку, да му обезбедам дом и некаква грижа ... потоа доживеа сообраќајна несреќа и го загуби едното око ... и таа е балерина сега, во средното балетско училиште ... но немаме никакви средства за да напредува во училиштето, а многу е талентирана ... огромна штета би било...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
„Да. Како во Средниот век. Кога ќе се насобереле многу луди во еден град, градските власти ги собирале на плоштадот, па народот си правел со нив нешто како циркуска претстава.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Помеѓу позитивните промени се пропишувањето на можноста за издвојување средства за обезбедување на правата и за создавање можности за вработување на работниците кои ќе останат без работа заради сопственичката трансформација, како и воведувањето на можноста за предимство на откуп на акциите од страна на вработените во средните претпријатија.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
„Според ова, кај нас и во наши услови, секој секого кодоши,” шепна некој од последните клупи во средната редица, во која беа сместени осамените срца на возраст од шеесет до седумдесет години.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Историчарите кои стојат зад горе наведениот заклучок, тврдат дека луѓето во средниот век биле многу дарежливи.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ова ми доаѓа како одговор на најглупавото верување дека мажите се поинакви и поразлични од жените во средните години и дека најголем грев е да општиш со истрошена жена која „веќе не може“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Одвреме навреме организира домашни веселби што во средниот век си имале вистинско име.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Според една легенда, во средниот век, Омејадите, престанувајќи да ги преобратуваат немуслиманите, го прифатиле системот dhihmi, кој ги штител христијаните и Евреите, коишто можеле да продолжат да ја практикуваат својата вера, но по цена на тежок данок.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сефардските Евреи, доселени во оваа маало уште во средниот век, го носеле со себе и во себе јудеошпанскиот или ладино-јазикот, старошпанскиот јазик од времето на Колумбо и Сервантес.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК