кон (предл.) - среден (прид.)

— „Платите што сме а плеле другачка ни дваесет години!“ — рекоа тие и се фатија за раце, им го преградија патот на деверите кон средната врата.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
- О? - Американскиот пазар во овој момент е отворен кон етницитетите, особено кон Кубанците, Порториканците, воопшто кон Средна Америка...
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
„Добро, Нина, значи, од вашата зграда сите го познаваат Влатко, ама ќе се запознаеме сите во одделението, па и пошироко - во училишниот колектив“ рече и продолжи да поминува, свртен кон средната редица, во насока кон таблата.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Но, во еден период, додека работеше во судот, пред самото откривање насиџилите, кога и материјалната и работната позиција многу му се нишаа, во времето кога ја одби и последната можна понуда да стапи во Партијата, кога одново започна да се пребарува во неговото минато, тој мислеше дека само еден Орден, дури и од најнискиот ред, ќе може да му ја измени позицијата, да им отвори добри перспективи во школувањето на постарите деца кои ги ориентираше кон средните стручни училишта, што поскоро да се здобијат со свое парче леб.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК