на (предл.) - повреда (имн.)

Не знаеше дека, кога мажот се жени, дозволува во неговата внатрешна доблест, другото битие да биде можен инструмент на повреда на таа доблест.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И покрај сите напори на докторите за нејзино лекување, како последица на повредата, со текот на времето видот на тоа око започнува да ѝ слабее – при што намалувањето, односно оштетувањето на видот достигнува и до 95%.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Слушајќи го офкањето на Ивона, кога конечно ја извлекоа, Виктор во детекцијата на повредите пристапи професионално.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Младиот доктор од ортопедот беше пофален за професионалното санирање на повредата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)