прав (прид.) - агол (имн.)

Купив нови чаши и ги поставив на кујнската маса; сликите се закачени како што треба и висат под прав агол; витрината ја истуркав во десниот агол од дневната соба и сите украсчиња ги наместив како што стоеја отсекогаш: лулето, кристалното еже, дрвеното кутиче, порцеланскиот свеќник, пепелникот од слонова коска, школките и камчињата што ги донесов од еден одмор...
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Во собата за приеми која под прав агол преоѓаше во тарпезаријата се служеа аперитиви: ракија, узо, грапа или шампањ.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Насади ги под прав агол, без агломер, со добра волја и, ако ги негуваш по правилата на геометријата, секогаш ќе можеш да им го пресметаш периметарот за да бидеш внатре во него, зашто го знаеш дијаметарот на рачињата што гушкаат и ноџињата што цупкаат околу тебе.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)