прав (прид.) - линија (имн.)

Сиве овие години јас неотклоно ја следев таа права линија: да бидам како него, да постапувам како што тој би постапил, да се борам за она за кое се бори тој - со еден збор, да го правам само она што би го направил единствено тој.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Без скршнување, расцепувајќи ја целината на снегот во една права линија, самјакот ја имаше пренасечено долината, префрлувајќи се од шумата од едната страна на Белата Долина, кон шумата од другата страна, оставајќи ја по себе оваа длабока трага, во која можеа да се распознаат и стапалките на неговите копита, големи колку на јунче.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Будимпешта остава многу силен впечаток со зачуваноста на старото и токму тоа е она, што ја одделува од другите европски урбанизирани средини, во кои доминираат бетонот, железото, правата линија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Воопшто тоа беше првпат кога децата толку многу се пуштија, заборавија на редот, на правата линија.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Беше висок три аршини и три стапки и се гордееше дека води потекло по права линија од Иван Велики (позната камбанерија во Москва).
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Но, крајот и почетокот се една иста точка на една бесконечно права линија.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Одиш така со нозете една пред друга, како по некоја замислена права линија. Те води низ лавиринтите.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
„Тој куршум беше вперен во срцето на нашите чувства, а се распрсна срцето на твојот брат моја Сања,“ ѝ пишуваше Авни на девојката која остана во неговите сеќавања со широко отворени очи во триаголникот што со необично прави линии го формираше шамијата завиена околу нејзината глава.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Дури по вториот удар на екранот се појавија молњи кои ја сечеа правата линија. - Добро е! Се враќа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)