а (сврз.) - штом (сврз.)

А штом е така, комитетите од ироничен и пасивен однос кон новото течење ќе треба непосредно да преминат кон неговото поддржување.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А штом човек тамаше по тоа време парички, другото се беше лесно, особено попењето.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
Со ред сите пи врвеше во главата, а штом ќе дојдеше до Нешка Рожденкина, некако умот му се завртуваше и не можеше ни зло ни добро за неа да мисли.
„Крпен Живот“ од Стале Попов (1953)
- Не прави се важен, - му довикна оној глас, - нема кој не паднал. Кејтеновиот син ја нишна главата кон земјата, а штом тоа ќе го правеше, тогаш беше попусто да го разубедува човек.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
А штом на нешто се сеќаваш, значи дека немаш чист простор за друго размислување.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Навистина, си изгледам буденброковски во сивото, сомотско куќно палто на татко ми, готов да го отпочнам разоткривањето на возбудливите моменти од семејната хроника, поткрепени со пожолтените фотографии, преполнети полици на библиотеката, заладеното вино во посребрените чаши: Убиството на прадедото Хаџи-Васков, прикажано во вечерашнава верзија со посебен нагласок на величествениот предсмртен гест кон атентаторот, - „Нека ти е простум, синко, ни самиот не знаеш што правиш“, ја тера Ева III, да ме стисне за рацете, а штом минувам на единствената љубовна приказна за Ѓорѓи, непокорниот син на Прокопија и српската учителка, мојата ноќна посетителка, сѐ уште цврсто држејќи ме за рацете, клекнува пред фотелјата и оддолу, ги впива секој збор во ширум отворените очи.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Со тоа, ако не се декларирате како народен уметник вие автоматски станувате болшевик и марксист, а штом сте тоа, вие немате духовен свет, не ја сакате татковината (многу години подоцна, откако заминав слушав сѐ уште коментари дека сум заминал затоа што не сум бил никаков патриот!), немате однос кон историјата и редовно имате руина од семејство.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи